Достапни линкови

Кежаровски лекција и за другите новинари


Случаите Кежаровски и Фокус- причини за автоцензура
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:07 0:00

Случаите Кежаровски и Фокус- причини за автоцензура

По низата тужби и казни за клевета и навреда, новинарите велат дека самоцензурата е крената на неверојатно ниво. Но колку и да внимаваш, ако сакаат може да те осудат, додаваат дел од новинарите.

Пресудата од 4 и пол години затворска казна за новинарот Томислав Кежаровски, и пресудата против весникот Фокус за клевета и навреда поттикнуваат страв и автоцензура, велат новинарите.

Веќе не се плашиме само од тужби, страв ни е дека може да ни се случи нешто пострашно.
Владо Апостолов, новинар.

Новинарот Владо Апостолов е осуден во случајот во кој директорот на Управата за безбедност и контаразузнавање Сашо Мијалков го покрена против дневниот весник Фокус. Тој вели дека ваквите случаи влеваат страв кај новинарите, не само од тужби туку и од тоа дека може да им се случи нешто многу пострашно.

Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски ја одбележа годишнината од протестите пред новиот Музеј на македонската борба.
Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски ја одбележа годишнината од протестите пред новиот Музеј на македонската борба.

„Нормално дека стравот е многу поголем, не само поради случајот со Кежаровски и тужбата против Фокус, туку и поради случајот „Шпион“, во кој исто така имаше затворен новинар. Веќе не се плашиме само од тужби, страв ни е дека може да ни се случи нешто пострашно. Во Македонија имавме случај кога новинар загина во чудни околности, зборувам за сопственикот на Фокус, Никола Младенов. Тужбите нормално дека влијаат врз нас, всушност ние секојдневно практикуваме автоцензура. Нешто што некогаш сме го објавиле веднаш, денес пет пати размислуваме и мериме.“

Самоцензурата е крената на неверојатно ниво. Од друга страна, кај оние ретки похрабри колеги кои би се обиделе нешто да направат, тука постојат уредници кои се задолжени да го почитуваат наметнатото мислење на разни центри.
Синиша Станковиќ, новинар.

Апостолов додава дека поради ваквата состојба новинарите на Фокус повеќе внимаваат како нивните текстови ќе ги читаат судиите, а помалку публиката.

„Проблемот со тужбите на Фокус не е од сега, туку 4 до 5 години наназад. Текстовите кои јас и моите колеги ги пишуваме, ги пишуваме да ги читаат судиите, а не публиката. Секогаш кога ги пишуваме текстовите размислуваме како судиите ќе ги читаат, а не публиката. Сакам да напоменам дека, кога ги листам старите броеви на Фокус од 90-тите години од она страшно време на транзиција, верувајте за такви наслови и текстови кои што се објавувани тогаш, денеска може буквално темнина да ве изеде.“

Новинараот Синиша Станковиќ посочува дека во послените години во Македонија е создадена атмосфера во која генерално слободата на јавниот збор е попречена на сите можни начини.

„Самоцензурата е крената на неверојатно ниво. Од друга страна, кај оние ретки похрабри колеги кои би се обиделе нешто да направат, тука постојат уредници кои се задолжени да го почитуваат наметнатото мислење на разни центри, дали партиски, дали државни кои што определуваат како и што денес просечниот Македонец треба да мисли.“

Горан Ризаов, новинар во веб страницата „Призма“ вели дека во моментов тужбите кон новинарите претставуваат закана, независно од тоа дали навистина направиле навреда или клевета.

„Факт е дека самоцензурата е широко распространета помеѓу новинарите. Дефинитивно во последниве години се внимава повеќе и јас лично внимавам повеќе при пишувањето на текстовите. Меѓутоа колку и да внимаваш, не можеш да се справиш со една таква закана која што постои во Македонија, ако сакаат да те осудат, дури и релно да немаш направено клевета или нвреда ќе бидеш или осуден или оптужен во зависност од тоа со кого си се замерил.“

Во меѓувреме Апелацискиот суд ја почна расправата за случајот „Ликвидација“ во кој е осуден новинарот Томислав Кежаровски на 4 ипол годишна затворска казна.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG