Ослободување, односно преземање на некакви мерки од владата за новинарот Томислав Кежаровски, кој беше осуден на четири ипол години затвор побараа новинарите на отворањето на дводневниот Форум за медиумите во Југоисточна Европа од министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Следната недела апелациониот суд треба да одлучи по жалбата на Кежаровски кој е осуден на четири ипол години казна затвор. Ако се потврди таа казна, Македонија со тоа ќе стане втора земја во Европа, по Турција, каде има казнето новинар со казна затвор.Насер Селмани, ЗНМ.
Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани му порача на министерот дека точно е оти тоа прашање е наменето за судската власт, но во последниот извештај на ЕУ за напредокот на Македонија е нотирано дека судството е под индиректна контрола на политиката.
„Следната недела апелациониот суд треба да одлучи по жалбата на Кежаровски кој е осуден на четири ипол години казна затвор. Ако се потврди таа казна, Македонија со тоа ќе стане втора земја во Европа, по Турција, каде има казнето новинар со казна затвор. Има можност да се покрене постапка кај претседателот на државата за аболиција на Кежаровски. Дали вие како министер во владата, ќе барате од министерот за правда да го искористи тоа право“, праша Селмани.
На што Попоски одговори дека е опасно да се прејудицираат судски одлуки и веројатно уште по несоодветно е кој било да ја коментира нивната работа.
Сметам дека тоа е во рацете на судската власт и какво и да биде решението, треба да биде почитувано, тоа е единствениот одговор доколку сакаме да ја почитуваме таа уставна категорија на поделба на власта.Никола Попоски, министер за надворешни работи.
„Сметам дека тоа е во рацете на судската власт и какво и да биде решението, треба да биде почитувано, тоа е единствениот одговор доколку сакаме да ја почитуваме таа уставна категорија на поделба на власта и мене навистина ми е жал доколку некој не се согласува со тоа“, рече Попоски.
На што Селмани одговори дека прашањето е јасно и барањето за аболиција е законско, како и одлуката на судот која не ја спори.
„Ве прашувам, вие како влада имате инструмент, дали сакате тоа да го искористите“, праша Селани.
„Вие во самото ваше прашање прејудицирате, јас не би можел да прифатам такво прејудицирање на тоа што ќе биде, мора да видиме што ќе биде за да одлучиме што ќе се случи потоа. Во овој случај не би можел да одговорам на такво прашање, бидејќи е хипотетичко“, рече Попоски.
Обврска како држава кандидат за влез во Европската унија ни е да ги применуваме европските закони. По тој закон ниеден новинар во Европа не е осуден на казна затвор заради откривање на идентитетот на заштитниот сведок.Ерол Ризаов, новинар.
Новинарот Ерол Ризаов му порача на министерот дека Македонија не се придвижува напред во слободата на медиумите, туку баш напротив назад, а тоа го покажува падот на листите, што е срам за новинарството. Ризаов го замоли Попоски да го отвори прашањето на наредната седница на Владата дали може под итна постапка да предложи Парламентот да се усогласи за законот по кој е осуден Кежаровски кој не е по европски стандарди.
„Обврска како држава кандидат за влез во Европската унија ни е да ги применуваме европските закони. По тој закон ниеден новинар во Европа не е осуден на казна затвор заради откривање на идентитетот на заштитниот сведок. Имате огромна одговорност како министер во владата на Република Македонија ова да го поставите на седница на влада“, рече Ризаов.
На што Попоски одговори дека најсоодветно е барањето да биде упатено до пратениците во Собранието при што верува дека ќе биде постигнат успех. Попоски порача и дека е може во областа на медиумите да се дава црна или бела слика и не би имало потреба да се организира регионална конференција со европски предзнак и со интерес на земјите членки на ЕУ доколку би постоела таква визија и можност.
„Јасно е од самиот статус кој го уживаме како земја членка е дека постојат стандарди кои мора да ги исполниме, а дел од нив се однесуваат и на меките критериуми на прашањето дали владата ќе направи нешто повеќе за да даде сигнал дека работите се одвиваат во подобра насока. Секој има своја одговорност како Парламентот, оние кои ги применуваат законите и луѓето кои доаѓаат од фелата за почитување на стандардите и прифаќањето на спротивставените ставови“, рече Попоски.
Во однос на прашањето за спорот со името со Грција, Попоски порача дека нема сигнали дека има било какво придвижување во преговорите и клучот е дека не постои мотивација кај јужниот сосед. Според него, моменталната ситуација е едноставна од грчки аспект нема цена за опстојување на позицијата за блокирање на почетокот на преговорите и нема волја за интензивирање на дијалогот за изнаоѓање на решение.