Најголемата грижа на владата е проблемот со полнењето на буџетот, сметаат дел од економистите, кои последните мерки како плаќање придонеси за хонорарците и воведување фискални каси до 31 јануари ги поврзуваат со таква намена, иако се наведуваат други цели. Професор Сашо Арсов полнењето на буџетот директно го поврзуваа со плаќањето придонеси за хонорари со што парите би се насочувале во пензискиот и здравствениот фонд каде има проблем со полнењето.
Државата претходните години над своите можности ги покачи пензиите, ги намали даноците, даночните стапки, нешто што не резултираше со доволно фискални приходи, поради што се создадоа големи дупки.Сашо Арсов, универзитетски професор.
„Државата претходните години над своите можности ги покачи пензиите, ги намали даноците, даночните стапки, нешто што не резултираше со доволно фискални приходи, поради што се создадоа големи дупки, како во фондовите, така и во буџетот од кои средствата се префрлаат таму, така што оваа мерка во поглед на плаќањето на придонеси за хонорарите, дефинитивно би ја поврзал со таква намена“, вели Арсов.
Не е логично оние кои редовно се вработени, а имаат и хонорари да плаќаат придонес за здравствено и пензиско осигурување, бидејки ниту два пати ќе се лекуваат, ниту двапати ќе одат во пензија, коментира Арсов.
Со еден збор, тоа е тоа, да се полни буџетот, затоа што ако нема економски развој, кој во развиените економии е извор на полнење на буџетот, кај нас тоа го нема во последните години и се бараат сите други механизми, како тоа да се постигне.Биљал Касами, универзитетски професор.
Од 31 јануари најавено е воведување и на нови фискални каси. Професор Арсов наведува дека од почетокот на годината, тоа драстично ќе се одрази врз малите стопанственици, бидејќи новите современи уреди чинат многу. Арсов смета дека целта е средствата да бидат наменети за поголема фискална контрола, но потсетува дека и досега имаше критики, оти фискализацијата не се спроведува насекаде.
„Имаме евидентна ситуација, во делови на земјата да не се вршеше доволна наплата од користење на фискалните каси, со што и државата губеше најверојатно дел од приходите. Мене не ми е јасно зошто тука не се направи напор повеќе да се осигура таа наплата, отколку што ќе се постигне со овие нови, современи средства. Имате мали бизнисмени, мали дуќани, занаетчии и слично, коишто сега ќе треба да издвојат огромни средства“, вели Арсов.
Плаќањето придонеси за хонорарите и воведувањето фискални, Владата го правда со поинаква намена.
Ваквите мерки не нудат шанси за развој на економски план, вели економистот Биљал Касами кој очекува во наредниот период граѓаните да живеат полошо.
„Со еден збор, тоа е тоа, да се полни буџетот, затоа што ако нема економски развој, кој во развиените економии е извор на полнење на буџетот, кај нас тоа го нема во последните години и се бараат сите други механизми, како тоа да се постигне, особено за овој преголем буџет за Македонија“, вели тој.
Касами додаде дека особено во врска со плаќањето придонеси за хонорарците има дискриминација меѓу јавните и приватните компании.