Достапни линкови

Протест против новите давачки за хонорарците


Протест поради новите давачки за хонорарците
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Протест поради новите давачки за хонорарците

„Не за државен рекет“ е мотото на денешниот протест во Скопје против плаќањето придонеси на хонорарите.

Неколку стотици граѓани излегоа на протест во Скопје против воведувањето задолжително плаќање придонеси за хонорарците кое стапува на сила од почетокот на наредниот месец.

Извикувајќи „Доста нè крадете“,„Социјална правда“, „Народот го крадете“ тие се движат од Жена парк и Собрание кон Владата.

Протестот го поддржа и Студентскиот пленум, оценувајки дека законските измени во услови на големата невработеност и во време кога тешко се доаѓа до работа и хонорар ќе ги докусурат студентите со дополнителни плаќања кон државата.

Демонстрантите сметаат дека со ваквиот закон дополнително ќе осиромаши најзагрозениот дел од работниците, кои не можејќи да најдат редовно вработување, егзистенцијата ја обезбедуваат работејќи за хонорар, кој, според организаторите, не е ниту редовен, ниту висок.

Хонорарците сега плаќаат само персонален данок од 10 отсто, а од први јануари, за хонорарите повисоки од минималната плата ќе се плаќаат и придонеси за пензиско и здравствено осигурување, со што вкупните давачки ќе надминат 35 отсто од хонорарот.

XS
SM
MD
LG