Радикалите промовираат идеологија преку интернет

Државите од регионот ќе формираат заеднички центар за сајбер безбедност, најверојатно со седиште во Скопје.

Терористите сè повеќе го користат сајбер просторот за пропагирање на своите активности и за ширење на своја идеологија, особено помеѓу младите, сметаат експертите од регионот кои во Охрид учествуваат на НАТО школа за сајбер безбедност и криминал.

Тоа се сајтови на кои се разменуваат пораки кои водат до мобилизација на радикални структури и на младите и преку кои се разменуваат одредени пропагандни пораки. Постојат и отворени фејсбук форуми на кои се разговара за начините на обука и се врши пропагирање како да се идентификуват нови млади поединици.
Методи Хаџи Јанев, универзитетски професор.

Професорот од Воената академија во Скопје, Методи Хаџи Јанев, рече дека во рамките на неговите истражувања утврдил присуство на четири веб портали на продрачјето на Југоисточна Европа на кои се пропагира радикализам.

„Тоа се сајтови на кои се разменуваат пораки кои водат до мобилизација на радикални структури и на младите и преку кои се разменуваат одредени пропагандни пораки. Постојат и отворени фејсбук форуми на кои се разговара за начините на обука и се врши пропагирање како да се идентификуват нови млади поединици кои можат да се вклучат на идејата и на тој начин учествуваа во целиот процес на радикализација на младите од регионот“, вели Хаџи Јанев.

Државите од регионот ќе формираат и заеднички центар за сајбер безбедност најверојатно со седиште во Скопје, а каде ќе бидат опфатени сите аспекти на оваа појава, рече Бранимир Мандиќ директор на организацијата РАКВИЕК во Загреб.

Ова не е проблем само една држава и затоа ние се обидуваме сите држави од регионот да ги поврземе и со добри примери и со постоечките капацитети да се даде максимален одговор со предизвиците од безбедносен аспект со кои се соочуваме сите.
Бранимир Мандиќ, директор на организацијата РАКВИЕК во Загреб.

„Ова не е проблем само една држава и затоа ние се обидуваме сите држави од регионот да ги поврземе и со добри примери и со постоечките капацитети да се даде максимален одговор со предизвиците од безбедносен аспект со кои се соочуваме сите“, рече Мандиќ.

Има млади генерации на Балканот кои се идентификуваат со терористи кои ги гледаат на интернет и тоа е сериозен проблем за регионот, вели професорката по комуниколгија на универизитет во Мостар во БиХ, Дијана Гуптан.

„Еден студент дојде на предавања и праша друг студент како на арапски се кажува - Јас сум терорист. Потоа јас го прашав, зошто тоа го прашува, по што тој ми одговори, дека тоа сега е „in“ и е мода во светот. Значи се она што е ново младите не гледаат што е тоа, туку едноставно сакаат да бидат дел од таа приказна“, рече Гиптан.

Студентот од Мостар Емир Муратовиќ вели дека проблем е што муслиманите од Босна ги поиситоветуваат со терористи.

„Кога ние од БиХ одиме некаде уште на граничните премини имаме проблеми бидејки луѓето не поистоветуваат со тоа. На самите граници ни поставуваат прашања дали имаме случајно некакви врски со терористи и како тоа оди“, рече Муратовиќ.