Во период во кој власта и опозицијата дебатата во јавноста ја водат главно со препукувања околу најавената бомба на Заев како изненадувачка се смета средбата на високите партиски личности во Маврово на која под покровителство на Британската амбасада дебатираа за образованието. Ова во јавноста ги отвори сомнежите дали силно конфронтираните партии можно е да преговараат и за други теми зад сцената.
Доколку се дојдени во таа ситуација, така врвни личности од четирите партии и сметаат дека тоа е толку тензично, што треба да се држи конспиративно, тогаш навистина морам да кажам дека ја отфрлам таа теза дека преговорите, разговорите или вечерата или што и да се случувало во Маврово, било редуцирано само на образование.Арсим Зеколи, полиитчки аналитичар.
Конспиративната атмосфера во која се одржа средбата ги поттикнува сомнежите за тоа што навистина се случувало, оценува политичкиот аналитичар Арсим Зеколи.
„Ова веќе не е првпат, туку традиционално се случува веќе со години на јавната сцена безмалку да тече крв, а после да видиме дека зад сцената тече мед и млеко. Она што ме буни, што ме вчудоневидува е бенигноста на темата, а тоа е образование за следните 20-25 години, доколку се дојдени во таа ситуација, така врвни личности од четирите партии и сметаат дека тоа е толку тензично, што треба да се држи конспиративно, тогаш навистина морам да кажам дека ја отфрлам таа теза дека преговорите, разговорите или вечерата или што и да се случувало во Маврово, било редуцирано само на образование“, вели Зеколи.
Официјално,пак, се негира дека се разговара за надминувањето на политичката криза, обид кој пропадна уште на првата средба на Груевски и Заев, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одби да разговара за барањето за техничка влада, нешто на што инсистира првиот човек на СДСМ.
Доказите и аргументите за начинот на владеењето на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, пустошењето на нашта држава во изминатите години не се и не можат да бидат предмет на било какви разговори, преговори и политички договарања.Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.
Од опозициската партија тврдат дека од таа средба, досега немало ниту еден директен контакт на двајцата лидери поврзан со политичката криза, а преставникот на ЕУ кој во меѓувреме посредуваше во надминувањето на несогласувањата тоа го правел идниректно.
Дополнително токму двомесечното најавување на „бомбата“ без да биде објавена нејзината содржина ги поттикна и гласините дали е можно информациите да се користат како услов за формирање на техничка влада. Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов е дециден дека тоа не се прави.
„Доказите и аргументите за начинот на владеењето на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, пустошењето на нашта држава во изминатите години не се и не можат да бидат предмет на било какви разговори, преговори и политички договарања“, вели Шилегов.
Но според Зеколи се поставува прашање зошто она со што тврди дека располага опозицијата не го објави на пример во септември кога може да се развие борба и да има ефект, туку се одлага за зимскиот период во кој како што додава аналитичарот „бомбата“ може да „пукне“ заедно со новогодишните петарди.
„Доколку овие прашања се толку драматични за државата, за внатрешните односи, за надворешните односи, дали веќе сме дојдени во ситуација во која партискиот интерес надвладеа над државниот интерес, бидејќи кога имате информација за некои злосторство или злодело и ја прикривате, тогаш и тоа исто така е кривично дело како и она кој го има направено“, вели Зеколи.
Сериозни забелешки за немањето на политичкиот дијалог изнесе и Европската комисија во годинешниот извештај за напредокот на земјава. Според некои информации што ги објавија медиумите мандатите на пратениците од опозицијата можно е да го чекаат декемврискиот самитот на ЕУ и дотогаш практично да му се дава шанса на политичкиот дијалог.