Достапни линкови

Може ли „бомбата“ на Заев да предизвика политички земјотрес?


Илустрација.
Илустрација.

Дел од експертите мислат дека изјавата на Заев е меч со две острици која може да и предизвика штета на опозицијата, доколку пласираните информации ја немаат таа тежина.

По последната афера за криминал во врвот на власта што ја обелодени лидерот на СДСМ, а која немаше ефект, дел од јавноста е скептична дека опозицијата има моќ и аргументи кои ги најави Заев дека навистина ќе предизвика политички земјотрес кој ќе и го стесни просторот на владата. Дел од експертите мислат дека изјавата на Заев е меч со две острици која може да и предизвика штета на опозицијата, доколку пласираните информации ја немаат таа тежина, но истовремено постои и опасност владејачката партија да ја пренасочи експлозијата на бомбата во дворот на опозицијата.

При таа размена на аргументи, односно при убедувањето на граѓаните, многу треба да се внимава да не се даде некоја изјава која спротивната страна ќе може да ја искористи во сопствени цели.
Здравко Савески, универзитетски професор.

„При таа размена на аргументи, односно при убедувањето на граѓаните, многу треба да се внимава да не се даде некоја изјава која спротивната страна ќе може да ја искористи во сопствени цели. Тоа е една од основните умешности на еден политичар, тоа е многу важно“, коментира Здравко Савески.

„Не би сакал да верувам дека Заев е толку наивен за даде ваква изјава, а од тоа да нема нешто конкретно. Најверојатно нешто ќе има, но не сум сигурен, таа „бомба“ колку ќе има ефект, зашто власта знае сето тоа да го релативизира и ако работата дојде до судски процес, обично власта тие ги добива“, вели Исмет Рамадани.

Не би сакал да верувам дека Заев е толку наивен за даде ваква изјава, а од тоа да нема нешто конкретно. Најверојатно нешто ќе има, но не сум сигурен, таа „бомба“ колку ќе има ефект, зашто власта знае сето тоа да го релативизира и ако работата дојде до судски процес, обично власта тие ги добива.
Исмет Рамадани, политички аналитичар.

Заев на трибина во Битола изјави дека премиерот ќе мора да поднесе оставка во рок од три дена, а Македонија ќе треба да се срами од доказите зашто се сензитивни и допираат во меѓуетничките односи.

Експертите велат дека во овој момент не постои атмосфера за одвивање политички дијалог во институциите и во такви услови и опозицијата и власта преку вонинституционален начин со аргументи или пропаганда се обидуваат да ја убедат јавноста кој е во право.

Од друга страна, власта како да е сè уште во дилема што да се прави со мандатите на опозицијата зашто таквата одлука ќе значи распишување парцијални избори. Исмет Рамадани смета дека во една ваква ситуација во која нема воопшто никаква точка на која може да се најдат, власта и опозицијата како да не знаат што да прават понатаму. Дел од експертите сметаат дека позицијата најверојатно ќе оди на парцијални избори, но исто така сметаат дека со тоа ништо не се добива од аспект на надминување на политичката криза.

„Секогаш кога тоа е во нивна корист, тие доста ригорозно го спроведуваат законот и откако ќе бидат распишани парцијални избори, ситуацијата е таква во Македонија што веќе општеството се дели на два дела, провладин и сите останати“, вели Савески.

За Рамадани распишувањето парцијални избори ќе значи продлабочување на кризата,односно ќе имаме полош парламент од демократски аспект зошто ќе имаме парламент без опозиција.

Заев исто така ги демантираше наводите кои се појавија во одредени медиуми дека дел од пратениците во опозицијата ќе седнат на пратеничкото столче.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG