Достапни линкови

Опозиционерите - пратеници без своја волја


Игрите со датуми и ултиматуми, толкувањето на Уставот и законите, е проблем на Вељаноски, ВМРО-ДПМНЕ и на владејачкото мнозинство, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Започна процедурата за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата. На денешната координација со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски на која присуствувале двајца координатори и потпретседателите на пратеничките групи на ДУИ, ДПА и на ВМРО-ДПМНЕ, била донесена одлука генералниот секретар на законодавниот дом да направи извештај за присуството, односно отсуството на сите 123 пратеници во изминатите шест месеци. Вељаноски веќе не можеше да ја одложува постапката согласно законите и Уставот, бидејќи истече рокот од шест месеци за кој пратениците од опозицијата требаше да се вратат во Собранието.

Игрите со датуми и ултиматуми, толкувањето на Уставот и законите, е проблем на Вељаноски, ВМРО-ДПМНЕ и на владејачкото мнозинство.
Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

На прашањето зошто Вељаноски не ги прифаќа оставките од опозицијата, бидејќи прашање е дали тие ќе бидат усвоени, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов одговори:

Портпаролот на СДСМ Петар Шилегов.
Портпаролот на СДСМ Петар Шилегов.

„Игрите со датуми и ултиматуми, толкувањето на Уставот и законите, е проблем на Вељаноски, ВМРО-ДПМНЕ и на владејачкото мнозинство“, рече тој.

Последните шест месеци и СДСМ и пратениците наши и на коалиционите партнери се предмет на безброј безобразни би рекол шпекулации за тоа дали ќе се вратат или нема да се вратат во Собранието. Како што гледате ние упорно опстојуваме на нашите ставови.
Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Шилегов уште еднаш повтори дека оставките на опозицијата се депонирани во Собранието и тие немаат намера да отстапат од нивната одлука. Според него, познат е ставот на опозицијата за неприфаќање на мандатите и она што е прифатливо за нив е разговор со власта за сите пет барања. Тој негира дека некој од пратениците на опозицијата ќе се врати во Собранието.

„Последните шест месеци и СДСМ и пратениците наши и на коалиционите партнери се предмет на безброј безобразни би рекол шпекулации за тоа дали ќе се вратат или нема да се вратат во Собранието. Како што гледате ние упорно опстојуваме на нашите ставови“, рече Шилегов.

Генералниот секретар треба најдоцна до следниот понеделник, кога е закажана наредната координација, да го достави извештајот. Откако ќе биде изготвен извештајот, Вељаноски треба да побара од Комисијата за мандатно-имунитетни прашања да решава за отсуството на пратениците од опозицијата, кое треба да се утврди дека било неоправдано. Доколку комисијата одлучи за одземање на мандатите, пратениците на пленарна седница ќе треба да расправаат по неа. Според Уставот, евентуално одземање на мандатите на пратениците од опозицијата, односно нивната оставка, треба да биде усвоена од двотретинско мнозинство, односно од 82 пратеници.

Во јуни собранискиот спикер на неопределено ја одложи седницата на Собранието на која требаше да бидат констатирани оставките на пратениците од опозицијата и тогаш тој повика на потребата од политички дијалог меѓу партиите заради, како што рече, државните интереси. Вељаноски подоцна во интервју наведе дека ако опозицијата не се врати во Парламентот и ако го условуваат политичкиот дијалог со апсурди и како што рече пред сè недемократски барања, како што е техничка влада и нови избори, ќе свикал продолжување на седницата на која се оставките на пратениците од СДСМ.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG