„Бомбата“ од докази и аргументи која лидерот на СДСМ Зоран Заев неодамна ја најави, ќе се случи во брзо време, велат од најголемата опозициска партија.
Се работи за исклучително чувствителни информации со кои располагаат. Тоа што тактизираат со времето кога во јавноста ќе ги објават доказите се должело на како што велат, досегашниот однос на надлежните институции во поранешните мега скандали и афери во кои според нив, биле вклучени високи владини функционери.СДСМ.
Компромитирачка видео снимка, аудиоснимка за договарање на некаков криминал, докази за местење тендери, докази за изборни манипулации, прислушување на новинари или нешто друго. Шпекулациите за тоа што содржи „бомбата“ на Заев продолжуваат, се до моментот кога најголемата опозициска партија ќе одлучи да ја фрли во јавноста. Од партијата не сакаат да конкретизираат што од ова го имаат во рака, но велат дека се работи за исклучително чувствителни информации со кои располагаат. Тоа што тактизираат со времето кога во јавноста ќе ги објават доказите се должело на како што велат, досегашниот однос на надлежните институции во поранешните мега скандали и афери во кои според нив, биле вклучени високи владини функционери.
Но, дали доказите со кои располага СДСМ се толку силни што можат да предизвикаат голем политички пресврт или дестабилизација на земјата како што се шпекулира?
Професор Никола Дујоски е убеден дека тоа нема да се случи.
Но како и да е што и да имам треба што поскоро да го обзнанат во јавноста, за да надлежните органи преземат мерки доколку проценат дека тоа е потребно, во сторено да се знае за сторено кривично дело, а за тоа да не се информира Јавен обвинител итн, е исто така кривично дело.Никола Дујоски, универзитетски професор.
„Со било какви информации, со било какво дејствие да се направат да се направи политичко дестабилизирање на државата не во овој момент, туку воопшто не е можно, затоа што државата не е поединец, затоа што доколку некој биде осомничен и процесуиран за било какво дело, во државата има многу чинители на власта коишто ќе ја одржат стабилноста на и на владата и на парламентарното мнозинство и на целокупниот систем“, изјави Дујоски.
Според Дујоски несфатливо е зошто опозицијата молчи и зошто уште чека и не ја објавува бомбата од докази. Најверојатно, вели Дујоски, овие најави се маркетиншки потег на опозицијата кој е или избрзан или е во период на несозраени услови.
„Но како и да е што и да имам треба што поскоро да го обзнанат во јавноста, за да надлежните органи преземат мерки доколку проценат дека тоа е потребно, во сторено да се знае за сторено кривично дело, а за тоа да не се информира Јавен обвинител итн, е исто така кривично дело.“
На вчерашната трибина на СДСМ, Заев рече дека никој нема право да ја скрие вистината од граѓаните и дека тие вистината ќе ја дознаат. На сите кои очекуваат доказите да бидат испорачани тој им порача дека опозицијата потегот добро треба да го осмисли и дека се додека не биде убедена дека тоа ќе даде резултат и ќе заврши со отрезнување и нормализирање на државата, нема да ги направата потребните чекори.
Професорот Стево Пендаровски пак вчера појасни дека ова не е лична борба на Заев и дека сите политички партии што се во опозиција се добро упатени за материјалите кои како што рече набрзо ќе бидат употребени како средства за да се вразумат оние кои се на власт.
Тие пак тврдат дека СДСМ е насочена кон водење на негативна кампања. Премиерот Никола Груевски деновиве изјави дека власта е фокусирана на позитивни работи со кои ги решава секојдневните проблеми на македонските граѓани и на реформите.
На бомбата на Заев и ние ќе одговориме со наши бомби, а тоа се нови инвестиции и нови работни места, изјави Груевски.