Соединетите Држави и Европската унија изразија загриженост по извештаите за големи конвои со војници и оружје што се движеле низ територијата во источна Украина, контролирана од проруските бунтовници.
Секој обид на сепаратистичките сили да осовојат повеќе територии во источна Украина ќе биде јасно кршење на договорите за примирје од 5 септември во Минск.Бернадет Михан, портпаролка на американскиот Национален совет за безбедност
Портпаролката на американскиот Национален совет за безбедност Бернадет Михан побара од Русија да прекине да ги вооружува бунтовниците и да ги повлече сите сили и оружје од Украина.
Михан додаде дека Белата куќа е многу загрижена поради интензивирањето на борбите.
„Секој обид на сепаратистичките сили да осовојат повеќе територии во источна Украина ќе биде јасно кршење на договорите за примирје од 5 септември во Минск“, изјави Михан.
На 8 септември во близина на Макијивка на територија контролирана од борци на таканаречената Доњецка Народна Република посматрачите забележале конвој од 40 камиони, а на некои имало тешко вооружување.Андриј Лисенко, портпарол на украинската војска.
Слично предупредување беше испратено и од шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.
„Неопходно е да се избегне секаква ескалација на насилствата. Сите страни треба да покажат воздржаност и да го почитуваат примирјето“, наведува Могерини која ја повика Русија во целост да ги преземе своите обврски, вклучувајќи и спречување на какви било движења на војска и оружје од нејзина територија во Украина.
ОБСЕ соопшти дека нејзини монитори забележале воен конвој без ознаки како се движел на патот во близина на градот Доњецк и градот Макијивка. Украина оцени дека станува збор за нови руски сили.
„На 8 септември во близина на Макијивка на територија контролирана од борци на таканаречената Доњецка Народна Република посматрачите забележале конвој од 40 камиони, а на некои имало тешко вооружување“, потврди портпаролот на украинската војска Андриј Лисенко кој изјави дека во изминатата недела се интензивирале прекршувањата на примирјето.
Тој ова го изјави по извештаите за жестоко гранатирање на Доњецк и неговата околина во текот на ноќта меѓу 8 и 9 ноември.
Лисенко додаде дека Русија по се изгледа имала намера да предизвика натамошни тензии како предтекст за испраќање таканаречни руски мировни сили во Украина. Москва отфрла секаква вклученост во конфликтот во кој од април досега загинаа над 4000 луѓе.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека нема никаква информација за руски сили и тенкови во источна Украина.
Командантот на проруските сепратисти Едуард Басурин исто така демантира дека Москва испратила нови сили.
Тој додаде дека станува збор за транзит на нови борци на, како што изјави, линијата на фронтот.
„Вршиме ротација на некои наши формации“, рече Басурин за руската Риа Новости.