Обраќајќи им се Украинците два часа по затворањето на избирачките места, претседателот Порошенко им се заблагодари на гласачите за нивната поддршка на, како што рече, „демократското, реформското, проукраинското и проевропското мнозинство“.
Уставно мнозинство, односно над три четвртини од гласачите кои учествуваа на гласањето, силно и неотповикливо го поддржаа европскиот курс на Украина, како и политичките сили кои го поддржуваат претседателскиот план за политичко решение на ситуацијата во Донбас.Петро Порошенко, претседател на Украина.
„Уставно мнозинство, односно над три четвртини од гласачите кои учествуваа на гласањето, силно и неотповикливо го поддржаа европскиот курс на Украина, како и политичките сили кои го поддржуваат претседателскиот план за политичко решение на ситуацијата во Донбас“, изјави Порошенко за регионот во идустриски развиениот исток на земјата каде што веќе неколку месеци траат борби меѓу владините сили проруските сепаратисти.
Резултатите покажуваат дека 49-годишниот кондиторски магнат продолжува да работи во тандем со премиерот Арсениј Јацењук.
Пред малку имав средба со претседателот на Украина и ние во што е можно најкраток период ќе формираме коалиција. Основата на таа коалиција е спогодбата за асоцирање со Европската унија.Арсениј Јацењук, премиер на Украина.
Впрочем, Порошенко најави дека Народниот фронт на Јацењук останува главен партнер во разговорите за формирање нова влада кои не би требало, според него, да траат повеќе од десет дена. Тоа го потврди и Јацењук.
„Пред малку имав средба со претседателот на Украина и ние во што е можно најкраток период ќе формираме коалиција. Основата на таа коалиција е спогодбата за асоцирање со Европската унија“, рече Јацењук.
Порошенко изрази надеж дека двете политички сили ќе имаат апсолутно мнозинство во парламентот за да можат да ги одобрат неопходните суштински промени во Уставот. Одѕивот на изборите бил околу 51 насто.
Своевидно изненадување е и добриот резултат на сојузниците на отстранетиот претседател Виктор Јанукович. Опозицискиот блок на ексминистерот за енергетика Јуриј Бојко доби скоро 10 отсто од гласовите и влезе во парламентот.
За прв пат откако Украина стана независна во 1991 година, во парламентот нема да има пратеници на Комунистичката партија.
Околу пет милиони гласачи на Крим, кој во март годинава беше анектиран од Русија, и во регионите на Луганск и Доњецк кои се под контрола на сепаратистите не учествуваа на изборите.
Така 27 места во парламентот, кој има 450 места, ќе останат непополнети. Примирјето постигнато во минатиот месец секојдневно е нарушувано за што се обвинуваат и двете страни. Како и да е, во спорадичните борби и натаму гинат главно цивили.
Во досегашниот повеќемесечен конфликт загинале над 3 илјади и 700 луѓе, додека стотици илјади биле принудени да ги напуштат домовите.
Лидерите на проруските бунтовници во Доњецк и Луганск најавија дека ќе одржат избори за парламентите на нивните таканаречени народни републики на 2 ноември.
Киев, Соединетите Држави и неколку други западни земји соопштија дека станува збор за незаконски избори и оти нивните резултати нема да бидат признати.