Достапни линкови

ЕУ: Изборите во источна Украина нелегални


ЕУ ги отфрли изборите во источна Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:05 0:00

ЕУ ги отфрли изборите во источна Украина

Европската унија соопшти дека изборите што вчера се одржаа во регионите на источна Украина контролирани од сепаратистите се пречка за мирот. Во истовреме официјална Москва најави дека ќе ја почитува волјата на „народот на југоистокот на Украина“.

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини оцени дека вчерашните избори во регионите на Доњецк и Луганск биле незаконски и нелегитимни.

Се надевам дека сите страни ќе ја потврдат приврзаноста на Протоколот од Минск и оти ќе се однесуваат кохерентно за да биде спроведен во целост​.
Федерика Могерини, шефица на европската дипломатија.

Во соопштението на Могерини се наведува дека изборите биле одржани во спротивност со договорите во Минск кои беа потпишани од инволвираните страни во конфликтот и тие ги опструираат напорите да се најде одржливо политичко решение за кризата.

„Се надевам дека сите страни ќе ја потврдат приврзаноста на Протоколот од Минск и оти ќе се однесуваат кохерентно за да биде спроведен во целост​“, наведува Могерини, барајќи страните да го почитуваат територијалниот интегритет на Украина.

Избраните претставници добија мандат да ги решат практичните задачи во врска со обновата на нормалниот живот во тие региони.
Министерство за надворешни работи на Русија.

Од друга страна, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека ја почитува волјата на народот на југоистокот на Украина.

„Избраните претставници добија мандат да ги решат практичните задачи во врска со обновата на нормалниот живот во тие региони“, се наведува во соопштението на руското министерство.

Претходно, украинскиот претседател Петро Порошенко гласањето го оцени како фарса под закана на тенкови и пушки.

Порошенко понуди специјален статус и широка автономија за регионите на Доњецк и Луганск, но инсистира тамошните локални избори да бидат одржани според украинските закони.

Избраните претставници добија мандат да ги решат практичните задачи во врска со обновата на нормалниот живот во тие региони.
Александар Захарченко, победник на изборите во Доњецк.

Украинската армија вчера јави дека Русија интензивно распоредувала опрема и персонал во делови на Украина контролирани од проруските сепаратисти.

Странските новински агенции јавуваат дека во близина на Доњецк била забележана колона камиони со противвоздушни топови, кои се движеле кон аеродромот кој сега е под контрола на владините сили.

Неколку западни медиуми јавуваат и за раздвижување на големи воени сили во близина на Доњецк.

Инаку, на таканаречните претседателски избори во Доњецк победи Александар Захарченко, додека во Луганск, Игор Плотницки. Тие всушно немаа вистински опозициски ривали. Захарченко добил 81, додека Плотницки 61 насто од гласовите.

„Во Минск потпишавме договор во кој наведуваме дека имаме можност за одржиме слободни избори. Не е спомнат никаков датум или, пак, формат на изборите“, изјави Захарченко, кој добил 81, додека Плотницки 61 насто од гласовите.

Од друга страна не е јасно колку луѓе биле во можност да гласаат, бидејќи претставници на бунтовниците соопштија дека тие немале пристап до украинските изборни списоци.

Според претставници на сепараристите, изборите се одржале на 350 гласачки места и оти околу 1 милион и 400 илјади луѓе имале право да избираат.

Во неколку избирачки места во Доњецк имало присуство на вооружени лица.

Гласањето главно беше игнорирано од меѓународните посматрачи. Сепак на изборите имаше извесен број претставници од некои помали западни партии, но и од повеќе партии од Русија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG