„Макстил“, согласно предвидените обврски за реализација на оперативниот план за воведување еколошки стандарди го прекинува производството во погонот „Челичарница“, соопшти денеска фабриката на истекот од рокот за воведување на А интегрираните еколошки дозволи за најголемите индустриските капацитети.
Во официјалниот документ стои дека тие во текот на периодот од кога ќе затворат, бидејќи нели треба да инсталираат нова опрема, ќе прават чести проби. Е сега колку ќе бидат тие чести и со каков интензитет на испуштање на штетни материи, тоа никој не го знае, така што сигурно треба да очекуваме намалување на загадувањето, меѓутоа колку и како, тоа не може да се знае.Никола Нешкоски, невладина организација Екологик.
Од Југохром Јегуновце, пак, денеска не сакаа да дадат никаков коментар за нивните планови. Од Министерството за животна средина велат дека вчера доцна попладне до нив стигнало барање од фабриката за продолжување на рокот за две години.
По одлуката на Макстил, пак, екологистите очекуваат да се намали загадувањето. Никола Нешкоски од невладината организација Екологик вели дека, според процените, загадувањето од индустриските капацитети придонесува за нечистиот воздух со околу 30 отсто.
Tоа треба да биде многу добро инспекторирано од страна на Инспекторатот за животна средина, затоа што многу често бевме сведоци како Макстил во 6 часот наутро или во доцните вечерни часови во сабота и во недела, испушта емисии, токму тогаш кога инспекторатот не работи.Александра Бујаровска, невладина организација Фронт 21/42.
„Меѓутоа, како што прочитавме ние денеска од соопштението коешто беше испратено од страна на Макстил, во официјалниот документ стои дека тие во текот на периодот од кога ќе затворат, бидејќи нели треба да инсталираат нова опрема, ќе прават чести проби. Е сега колку ќе бидат тие чести и со каков интензитет на испуштање на штетни материи, тоа никој не го знае, така што сигурно треба да очекуваме намалување на загадувањето, меѓутоа колку и како, тоа не може да се знае“, вели Нешковски.
И Александра Бујаровска од невладината организација Фронт 21/42 ги потврдува истите бројки за загадувањето од индустриските капацитети. Може да се очекува намалување на загадувањето, вели таа и инсистира на зголемени контроли.
„Но, тоа треба да биде многу добро инспекторирано од страна на Инспекторатот за животна средина, затоа што многу често бевме сведоци како Макстил во 6 часот наутро или во доцните вечерни часови во сабота и во недела, испушта емисии, токму тогаш кога инспекторатот не работи“, вели Бујаровска.
Инаку, покрај затворањето на фабриките, деновиве и градот Скопје излезе со план како да се намали загадувањето, но тој би стартувал од идната година и само ако загадувањето десет дена по ред е двојно поголемо од дозволените граници. Тие предлагаат возење по принципот пар-непар, бесплатен автобус, возење по обиколни улици, прскањето на улиците против прашина.
„Тоа од една страна може да придонесе, бидејќи, нели еве да речеме, условно кажано, секој ден ќе има за половина помалку возила, меѓутоа како тоа ќе го регулираат, тоа не е наведено никаде, барем ние не сме сретнале. Еве ако некој излезе со парна бројка, а е непарен ден, како ќе го контролираат тоа“, вели Нешковски.