Достапни линкови

Сите дишат загаден воздух, ретко кој се грижи за тоа


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Околу 300 жители на Железара, но учесниците на протестот велат и жители на други населби во Скопје, излегоа на протест пред Макстил за да алармираат за состојбата.

Макстил, Југохром, Фени се, велат екологистите, сè уште најжешките еколошки точки во земјава, кои, ако не се преземе ништо, наредната зима ќе предизвикаат уште покатастрофално загадување од тоа што се случи минатата. Околу 300 жители на Железара, но учесниците на протестот велат и жители на други населби во Скопје, излегоа на протест пред Макстил за да алармираат за состојбата. Еден од нив беше и Васко Лазаревски.

Гледаме дека се има пари за сè друго, освен за здравјето на граѓаните.
Васко Лазаревски, активист.

„Гледаме дека се има пари за сè друго, освен за здравјето на граѓаните. Пред некој ден прочитавме во медиумите дека дневно умираат четворица скопјани од загадувањето и тоа е повеќе од она што може да се дозволи. Затоа ова е општ проблем и се надевам дека организаторите ќе успеат на следниот протест в сабота да го претстават како таков“, вели тој.

Во регистрацијата процент за екологија, во бензинот, во патарина, во пакување, во електронски уреди, секаде е тоа, сите тие одат во буџетот на Република Македонија и правиме панорамски тркала со нив.
Јован Мазгански, Екоскоп.

Тие се подготвени да протестираат сè до исполнување на целта, а тоа е Макстил да стави филтер, не да се затвори, не да се продолжи рокот како што тоа е најавено до 30 октомври годинава, туку веднаш да се спречи овој загадувач да го доведува во ризик здравјето на жителите на Скопје.

Еколошките протести во земјава се попречени од многу околности и тие ретко кога доживуваат масовност и вистински ефекти, посочува Јован Мазгански од еколошкото здружение Екоскоп.

„Сите партиски поврзани, сите вработени се врзани на некој начин, не смееат да протестираа, тоа е едно, а од друга страна, и тие што се од разни причини не смеат зашто учеството на протест повлекува некакви последици“, вели тој.

Државата не се одважи да преземе нешто ниту во врска со загадувањето што доаѓа од автомобилите, посочува Мазгански. Истовремено, граѓаните на разни начини партиципираат во оваа ставка.

„Во регистрацијата процент за екологија, во бензинот, во патарина, во пакување, во електронски уреди, секаде е тоа, сите тие одат во буџетот на Република Македонија и правиме панорамски тркала со нив“, вели Мазгански.

Многу луѓе во изминативе години се вклучија во протестирање против загадувањето на воздухот, но без значителни резултати, додава Никола Нешковски од невладината Еколоџик.

„Правење разни активности за да се поттикне свеста, да се направи нешто, да се промени нешто, меѓутоа како што гледаме сè е исто, само нови рокови се продолжуваат и се продолжуваат“, вели Нешковски.

Мерните станици кои покажуваа постојано црвено, наскоро ги снема низ градот, додаваат екологистите и сега се надеваат дека ветерот ќе ја спаси состојбата.

XS
SM
MD
LG