Жителите на Тетово се во неизвесност како ќе ја поминат зимата поради постојаното присуство на штетни материи во воздухот. Сега кога е почната грејната сезона, чадот од многу оџаци дополнително придонесува за воздушното загадување. Мала надеж за подобрување на состојбата е најавата дека по 1 ноември нема да работи фабриката Југохром што се смета за еден од најголемите загадувачи.
Воздухот го загадува најмногу Југохром. Да се затвори Југохром или да се сменат филтри.Анкетиран граѓанин.
„Воздухот го загадува најмногу Југохром. Да се затвори Југохром или да се сменат филтри. “
„Тоа е проблем, Владата што направи со стари возила. Неисправните возила од Европа се дојдени тука и тоа е тоа.“
„Најзагадени градови се Тетово и Скопје. Тетово е поради Југохром. Да се затвори фабриката да се стават пречистителни филтри.“
Ние не смееме да дозволиме да чекаме од Господа или од временските прилики да ни диктираат или менаџираат концетрација на ПМ10 честичките.Доктор Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија.
Доктор Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија смета дека временските прилики значајно влијаат, но дека потребна е соодветна човечка реакција.
„Ние не смееме да дозволиме да чекаме од Господа или од временските прилики да ни диктираат или менаџираат концетрација на ПМ10 честичките. Знаејќи ги, лоцирајќи ги причинителтие кои се, треба адекватно и локалната и централната власт да преземат соодветни мерки“, вели Давидовски.
Високите концентрации на штетни честички се присустни во воздухот уште од минатата зима, а долгототрајното изложување на луѓето ќе има лоши ефекти врз нивното здравје. Посебно тоа се однесува на дишните органи, вели Давидовски.
„Тоа коренсподира со зголемување на бројот на акутни респираторни заболувања и акутно влошување на луѓе со хронични респираторни заболувања како што е хронично опструктивен бронхит и бронхијална астма. Во ординациите може да ги забележите токму тие пациенти кои имаат влошување на нивната здравствена состојба. Тоа ние еден индикатор дека нешто ни се случува со воздухот без да ги погледаме резултатите на мерењето на автоматската мониторинг станица“, смета Давидовски.
Во Тетово, во 300 дена мерења на квалитетот на воздухот, 245 денови имало присуство на штетени материи повеќе пати од дозволеното.