Притисоци против штрајкот место решавање на проблемите во образованието

Архивска фотографија: Прес-конференција на Самостојниот синдикат за образование, наука и култур(СОНК).

Во пресрет на закажаниот штрајк во образованието, власта со сите сили се труди да го спречи. Сепак, тоа нема да ги реши наталожените проблеми во овој сектор.

Политизација во образованието, партиски притисоци врз вработените, ниски плати на негувателките во градинките, казни за наставен кадар, чести промени во образовната програма, се само дел од проблемите со кои се соочуваат просветните работници. Тие велат дека состојбите во образованието се лоши со години, а надлежните институции свесно или не, не преземаат мерки за надминување на состојбите, а понекогаш се генератори на истите.

Голем дел од тие наши членови се симпатизери или членови на некои од партиите коишто на власт, коишто ги повикуваат и едноставно на нивен начин им кажуваат да се откажат од одлуката за штрајк. Точно со кои зборови јас не можам да ви кажам или да ви потврдам, меѓутоа веројатно можеме да претпоставиме на кој начин се закануваат.
Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Дополнителен проблем во училиштата се долговите кои тие ги имаат кон јавните претпријатија. Сè уште постојат училишта кои што немаат пари да си платат сметки за струја, а камо ли за санација и поправки на училниците. Дел од учениците во земјава учат во лоши услови без доволно нагледни средства. Во некои класови има и по 45 ученици кои посетуваат настава во стари училишта со години нереновирани, без основни средства за работа како здрави клупи и столчиња, нечисти тоалети и училници.

Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Некои училишта, како на пример тетовското средно музичко училиште, нема доволно простор за да се разминат учениците во училниците, а камо ли да се одржи квалитетен наставен час во звучно изолирана просторија.

Во моментов наставниците се исплашени зошто не знаат од каде ќе бидат удрени или отстранети од работа. Народски кажано, преку ноќ се носат одлуки за воведување нови програми без поширока и подлабока анализа или барем постапно.
Сузана Стефановиќ, претседателка на Мултиетничкиот синдикат за образование.

На почетокот на учебната година, од СОНК реагираа дека во периодот којшто следува ќе отворат низа прашања поврзани со статусот на просветните работници, но и за предизвиците со кои се соочува образованието во земјава. Најавија штрајк на 29 септември, но како изминуваа деновите, штрајкот уште незапочнат донесе политички преписки и проблеми. Владата скрои закон со кој може да ги замени сите наставници кои нема да држат настава.

На само неколку дена пред неговото реализирање, во Охрид излегоа на протест професори затоа што не сакаат да штрајкуваат.

Таму има раководство коешто управува, тие управуваат и со свои сериозни буџети и слично, има избори и има две страни коишто сакаат, едната е постојната и уште една којашто сака да го преземе раководењето со СОНК и двете се натпреваруваат која ќе биде потврда кон владата.
Никола Груевски, премиер.

Атмосферата во училиштата стануваше се понеподнослива. Медиумите пишуваа дека директорите собираа списоци од претседателите на синдикалните организации кои на 29 ќе протестираат, а со тоа и суптилно се отвора прашањето околу сигурноста на нивните работни места. Дополнителна форма на притисок се и јавно истакнатите списоци на казнети и наградени наставници, велат во СОНК.

Првиот човек на синдикатот Јаким Неделков вели дека бараат имплементација на договорот за детска заштита, односно зголемување на платите за вработените во градинките, потоа намалување на бројот на деца во групите, затоа што не ретко има двојно повеќе деца во една група од пропишаните 20. СОНК бара отпочнување на преговори за зголемување на платите во основното и средното образование и да се коригираат законите за образование.

Со овој потег, власта покажа дека се плаши. Се плаши од незадоволството во образованието. Се плаши од разочараните наставници кои со години ги лажат со постојани ветувања кои остануваат на хартија. Власта се плаши од револтот кој го создаде нивната политика на хаос во образованието.
Оливер Спасовски, СДСМ.

„Енергично бараме повлекување на Законот за основно образование во делот на оценување на наставниците по пат на екстерно оценување, коешто цениме дека како инструмент за вреднување на трудот е несоодветен. Исто така бараме отпочнување преговори за зголемување на платите во основното и во средното образование, секако дека бараме и ревидирање на актуелните постоечки закони за основно и средно образование, а исто и за високо образование“, вели Неделков во интервју за Алсат ТВ.

Тој објаснува дека платите на наставниците не се поголеми од платите од нивните колеги во Романија и Бугарија како што тврдат владините претставници.

Воведено е бесплатно образование за сите, бесплатни учебници за сите ученици од основно и средно образование. Воведен е проектот компјутер за секое дете, воведени се дисперзирани студии во поголемиот дел од градовите во Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние имаме најниски плати во опкружувањето, а со оглед на тоа што Балканот, односно Македонија, е во Европа, имаме најниски плати и во Европа. Во градинките, еве ќе споменам за воспитно-образовниот кадар, значи имаат од 12 до 17 илјади денари, воспитувачките имаат 17-18 илјади, а негувателките 12 илјади денари. Во образование, платите на наставниците, односно професорите, се од 20-21 илјади. Значи 19.700 во основно образование, а 20.600 денари во средно образование“, вели тој.

Неделков тврди дека во некои градови се врши притисоци врз наставниците да не штрајкуваат.

Реформата во образованието треба да се гледа во две компоненти и тоа таканаречените хардверска и софтверска компонента. Значи, паралелно одат. Не можеме ние да имаме европско образование, со европски концепт, со европски курикулуми, кога имаме училишта кои не ги исполнуваат ни основните услови.
Сулејман Рушити, поранешен министер за образование.

„Голем дел од тие наши членови се симпатизери или членови на некои од партиите коишто на власт, коишто ги повикуваат и едноставно на нивен начин им кажуваат да се откажат од одлуката за штрајк. Точно со кои зборови јас не можам да ви кажам или да ви потврдам, меѓутоа веројатно можеме да претпоставиме на кој начин се закануваат“, вели Неделков.

Илустрација.

Неодамна во медиумите се појавија информации дека во дел од средните училишта е пристигнато решение од Министерството за образование дека од идната година ќе има казни и награди за професорите по проверката на знаењето на екстерното тестирање. Паричните казни, односно награди, ќе изнесуваат 15 отсто од платата и ќе се пресметуваат сите дванаесет месеци од 2015 година. Покрај тоа, професорите кои имаа најголеми отстапувања во оценките, во однос на резултатите од екстерното тестирање, ќе имаат и обврска да одат на советодавни обуки. Министерот Абдулаќим Адеми на почетокот на август, пред објавувањето на листите од екстерното тестирање, најави дека нема да има ниту награди, ниту казни за професорите.

Во нашиот случај имаше огромен број на промени за релативно кратко време коешто е далеку од вообичаеното однесување и пред сè како што гледаме тоа се однесува на неповрзаноста на кадрите што се јавуваат на овие функции со политиката којашто ја спроведува власта.
Ненад Новковски, поранешен министер за образование.

Претседателката на Мултиетничкиот синдикат за образование Сузана Стефановиќ кој го поддржува штрајкот, прашува зошто не се објавени податоци за наградени наставници.

„Деновиве можевме да слушнеме како во медиумите се пласираше информација дека преку 19 илјади наставници ќе бидат казнети со 15 отсто од платата цела година, почнувајќи од јануари 2015 година. Но, се прашуваме зошто паралелно не се пласира информација колку ќе бидат наградени, колку ќе изнесува бројот на наградените и колкав ќе биде износот на наградата. Тоа под итно мора да се стопира“, вели Стефановиќ.

Таа додава дека со новите измени на законот за средно и основно образование се предвидуваат уште понеприфатливи казнени одредби.

„Во моментов наставниците се исплашени зошто не знаат од каде ќе бидат удрени или отстранети од работа. Народски кажано, преку ноќ се носат одлуки за воведување нови програми без поширока и подлабока анализа или барем постапно“, вели таа.

Стефановиќ вели дека последна капка која ја прелива чашата е новата програма Кембриџ по која треба да работата учениците.

„Сега мака мачат наставниците, посебно во второ одделение, каде има голем проблем со математиката. Обуката која траеше два дена, само два дена, не е доволна да се спроведе новата програма која бара од наставниците во одделенска настава да бидат одделенци, биолози, физичари, хемичари и уште што не“, вели Стефановиќ.

Ваквата состојба во образованието и проблемите на наставниците влијаат и врз учениците и врз семејството каде што родителите ќе мора да одвојуваат дополнително време за да работата со своите деца поради обемната програма по која тие треба да учат.

Од друга страна, пак, премиерот Никола Груевски смета дека најавениот штрајк е резултат на желбите за задржување на позициите на предводниците на синдикатот.

„Имено, токму СОНК беше синдикатот којшто во минатите години континуирано, јавно даваше поддршка за проектите што ги заврши владата. Таму претстојат избори. Таму има раководство коешто управува, тие управуваат и со свои сериозни буџети и слично, има избори и има две страни коишто сакаат, едната е постојната и уште една којашто сака да го преземе раководењето со СОНК и двете се натпреваруваат која ќе биде потврда кон владата. Значи, во овој случај мислам дека и наставниците и сите оние коишто се повикани на штрајк се на некој начин или треба да бидат ставени во функција на интересите на сегашното раководство“, рече Груевски.

Неделков ги негираше овие тврдења, истакнувајќи дека станува збор за наталожени проблеми кои со социјален дијалог до сега не се решени.

Состојбите во образованието и проблемите со честите реформи беа теми на прес конференции на опозицискиот СДСМ. Тие обвинуваат дека институциите не се грижат доволно за потребите на учениците и наставниците а дополнително со новите законски измени ги кршат работничките права.

„Со овој потег, власта покажа дека се плаши. Се плаши од незадоволството во образованието. Се плаши од разочараните наставници кои со години ги лажат со постојани ветувања кои остануваат на хартија. Власта се плаши од револтот кој го создаде нивната политика на хаос во образованието. Како никогаш досега, сите во образованието се незадоволни и иритирани - и наставниците и родителите и учениците“, вели Оливер Спасовски од СДСМ.

На ваквите обвинувања, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение одговори дека во својот мандат успеале да воведат значително голем број на проекти преку кои им се олеснил текот на образованието на професорите, учениците и студентите, а притоа и на нивните родители. Од таму велат дека во изминативе 8 години буџетот за образование е зголемен за две третини, изградени се нови 40 основни училишта, а извршена е санација и реконструкција во над 200 основни и 70 средни училишта.

„Воведено е бесплатно образование за сите, бесплатни учебници за сите ученици од основно и средно образование. Воведен е проектот компјутер за секое дете, воведени се дисперзирани студии во поголемиот дел од градовите во Република Македонија, се реализира проектот „1000 книги“, редовно се исплаќаат стипендии, основан е Фонд за иновации и технолошки развој и уште многу други проекти“, пишува меѓудругото во реакцијата.

Политичарите често пати си ја префрлаат вината за состојбите во образованието. Но, резултатите укажуваат дека реформите ретко траат повеќе од две години, па соодветно на тоа ниту ефектите од нив не се доволно видливи. Поранешните министри посочуваат дека пред да се тргне во промена на образовниот систем неопходно е да се направат подготовки на сите учесници во системот и постепено прилагодување кон промените.

Поранешниот министер за образование Сулејман Рушити вели дека за да се спроведат успешни реформи во образованието мора да се спроведе департизација во образованието.

„Првото нешто што е приоритет е да се деполитизира, департизира образованието и тоа е многу проблематично поради тоа што деполитизацијата треба да ја спроведуваат тие на коишто има оди во прилог политизацијата“, вели Рушити.

Тој додава дека е потребно да се смени концептот.

„Реформата во образованието треба да се гледа во две компоненти и тоа таканаречените хардверска и софтверска компонента. Значи, паралелно одат. Не можеме ние да имаме европско образование, со европски концепт, со европски курикулуми, кога имаме училишта кои не ги исполнуваат ни основните услови“, вели Рушити.

Поранешниот министер за образование Ненад Новковски вели дека промените во образование треба да се одвиваат внимателно и бавно за да може да се обезбеди правилно водење и насочување на реформите кои што треба да бидат во мерка која е сообразна на системот. Образовниот систем е огромен и секое неосмислено дејствување во некоја насока која не е неопходна може да доведе до напразно губење на ресурсите.

„Во нашиот случај имаше огромен број на промени за релативно кратко време коешто е далеку од вообичаеното однесување и пред сè како што гледаме тоа се однесува на неповрзаноста на кадрите што се јавуваат на овие функции со политиката којашто ја спроведува власта“, вели Новковски.

Еден од главните проблеми во овој сектор е недостаток на константна стратегија со која постепено ќе се воведуваат промени без при тоа да се прават експерименти со учениците, велат упатените.

„За жал во образованието не може да зборуваме за стратегија поради тоа што стратегиите не се менуваат секоја година, односно многу пати во текот на годината. Ни треба една длабока анализа, можеби една поширока јавна дебата за да се создаде стратегија која после ќе се спроведува вез влијание на дневната политика. Мислам дека и образованието, како и многу други ресори или министерства, се жртви на дневната политика“, вели поранешниот министер за образование Рушити.

Поранешниот министер Новковски смета дека честата промена на министри во овој сектор укажува дека министрите во креацијата на образовната политика немаат никакво учество. Тој вели дека се прават промени кои што навлегуваат длабоко во основата на системот, без при тоа да се направи квалитетна подготовка.

„Една од тие промени е воведувањето на учебници од сосема други средини, коишто доаѓаат надвор од системот, од целината на образовниот систем“, вели Новковски.

Со тоа што се воведуваат промени кои што не соодветствуваат на системот на образование кој што постои кај нас, претставува огромен товар кој тешко може да се реализира и прашање е дали на крај ќе биде успешен. Реализацијата на честите реформи, недоволно осмислениот систем на промени создава непотребен товар на сите учесници во тој систем и со тоа се создаваат непотребни конфликтни состојби вели Новковски. Најслабите делови во образовниот систем се претераното администрирање и доведување на наставниците во недостаток од време за да се посветат на примарната задача – воспитување и образование, вели Новковски.