Достапни линкови

Охридските наставници не го поддржуваат штрајкот на СОНК


Ниту една од 21 синдикални организации во Охрид не даде поддршка за штрајкот, вели претседателот на Регионалната организација на СОНК од Охрид, Ацо Речкоски.

Регионалната организација на СОНК од Охрид нема да го поддржи генералниот штрајк најавен за 29 овој месец. Претседателот Ацо Речкоски рече дека тоа било став на сите подограноци и нивните претседатели во кои членувале 900 членови.

Регионалниот СОНК Охрид нема да го поддржи штрајкот бидејќи така се изјасни членството. Од 21 синдикална организација никој не даде поддршка за штрајкот, односно не се сложија со барањата кои се општи и не се конкретни барања. Барањата се општи и во нив се бара почеток на преговори, а тоа не се бара преку штрајк. Се бара зголемување на плата за 5-10 отсто.
Ацо Речкоски, претседател на СОНК Охрид.

„Регионалниот СОНК Охрид нема да го поддржи штрајкот бидејќи така се изјасни членството. Од 21 синдикална организација никој не даде поддршка за штрајкот, односно не се сложија со барањата кои се општи и не се конкретни барања. Барањата се општи и во нив се бара почеток на преговори, а тоа не се бара преку штрајк. Се бара зголемување на плата за 5-10 отсто“, вели Речкоски.

Илустрација.
Илустрација.

Тој не можеше да потврди дали и покрај ваквата одлука некои од неговите колеги во Охрид ќе штрајкуваат. Тој негира дека бил под силен политички притисок да не го подржува штрајкот на СОНК.

Овде станува збор за чиста политика и притисок врз синдикалното членство кое јавно не може да го каже поради свои сопствени лични причини и мора да се измислат изговор и одговори за да се забошоти вистината.
Јаким Неделков, претседател на СОНК.

„Не е точно тоа, јас како претседател на регионот не можам да им наложам на 900 членови, сите интелектуалци, да им кажам што да прават. Мислам дека нема логика бидејќи мојот авторитет не е претерано толку многу голем за да можам да им влијаам и да им речам нема да одите на штрајк.“

РСЕ: Сте имале ли притисок од политички партии?

„Никакви политички притисоци досега не сме имале, барем никој ни се нема пожалено од претседателите на синдикалните организации од страна на директори или некои локални власти“, вели тој.

РСЕ: Лично вие сте имале ли притисок?

„Јас воопшто не сум имал, не сум консултиран од никого“, рече Речкоски.

Јаким Неделков, претседател на СОНК, за локалната телевизија ТВМ, вели дека одлуките на синдикатот мора да се почитуваат, доколку не, ќе има соодветни казни. Според него, одлуката на СОНК Охрид е чиста политика.

„Овде станува збор за чиста политика и притисок врз синдикалното членство кое јавно не може да го каже поради свои сопствени лични причини и мора да се измислат изговор и одговори за да се забошоти вистината. Нашите барања се транспарентни, јасни и истакнати во јавноста, на нашата веб страна и не се согласуваме дека не се јасни, тоа се прашања со кои членството секојдневно реагира до раководството“, вели Неделков.

Струшките синдикалци ќе го поддржат штрајкот. Претседателот на СОНК Струга, Демирчани Реџеп, вели дека нивната синдикална организација, која ги опфаќа Струга, Вевчани, Центар Жупа и Дебар, ќе го поддржи штрајкот. Според него, интересот за штрајкот се зголемувала уште повеќе после донесувањето на законот за основно и средно образование.

XS
SM
MD
LG