ЕУ - Македонија: што е со приоритетите?

Градежни работи на делницата Демир Капија-Смоквица, дел од автопатот Александар Велики.

Европската унија одлучи коридорот 10 или автопатот од Србија до Грција кој минува низ Македонија да не биде приоритетен и својата поддршка да ја насочи кон девет други поважни коридори.

Тоа што Европската унија одлучи коридорот 10 или автопатот од Србија до Грција кој минува низ Македонија да не биде приоритетен и својата поддршка да ја насочи кон девет други поважни коридори, аналитичарите го толкуваат како еден вид одмазда на Унијата за однесувањето на Србија и на Македонија кон украинската криза и кон проектот Јужен тек од кого и двете земји не сакаат да се откажат.

Европа гради заедничка политика за енергетика со цел да биде што понезависна од Русија во однос на ресурсите. Во тој процес, во таа политика секако очекува поддршка од тие што сакаат да бидат членки, така што мислам дека е ова во најмала рака несериозно од страна на нашата држава, а секако може да има и посериозни импликации понатаму.
Бојан Маричиќ, Македонски центар за европско образование.

„Европа гради заедничка политика за енергетика со цел да биде што понезависна од Русија во однос на ресурсите. Во тој процес, во таа политика секако очекува поддршка од тие што сакаат да бидат членки, така што мислам дека е ова во најмала рака несериозно од страна на нашата држава, а секако може да има и посериозни импликации понатаму“, изјави Бојан Маричиќ од Центарот за европско образование.

Од друга страна, пак, упатените велат дека власта нема поголеми амбиции да се приближи кон евроатлантските интеграции, освен декларативните изјави дека Македонија треба да биде дел од европското семејство и дека се прави сè за таа цел. Власта, вели политичкиот аналитичар Едмонд Адеми, се однесува како лош ученик на кого најважно му е да добие преодна оценка.

Веќе не е проблем само Грција, проблем стануваат и копенхагенските политички критериуми во целина, нели со слободата на медиумите, немањето политички дијалог.
Едмонд Адеми, политички аналитичар.

„Тоа е однос на многу лош, невоспитан и необразован ученик, кој вели дека можеби не треба да добијам тројка или четворка, ама барем двојка колку да поминам“, вели Адеми.

Тоа што вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими изјави дека би било лошо за земјава доколку не добие препорака за почеток на преговорите во октомврискиот извештај за напредокот на нашата земја, а спикерот Трајко Вељаноски се надева на позитивна препорака, според Маричиќ, е потврда дека за властите токму препораката е крајната цел.

„Се навикнавме веќе да сметаме за успех нешто што се повторува без никаков напредок. Доколку се сметало или се спинувало во јавноста дека препораката е најголем успех во последните пет години, тогаш сега логично е дека владата за нејзините ПР потреби не смее да покаже неуспех“, вели Маричиќ.

Според Адеми, стагнирањето на патот на евроинтеграциите не зависи само од нерешениот спор за името со Грција, туку и од низа други реформи кои не се спроведени до крај и од проблеми кои власта не е подготвена да ги надмине.

„Веќе не е проблем само Грција, проблем стануваат и копенхагенските политички критериуми во целина, нели со слободата на медиумите, немањето политички дијалог“, вели Адеми.

Тоа што нашата европска интеграција секоја година се претвора во формална битка за добивање на препораката е крајно погрешен пристап, велат нашите соговорници. Она што според нив загрижува е што и покрај добиената препорака состојбите во земјава се полоши и дека токму таа не не води чекор поблиску до Европската Унија.