Визијата на Европската унија се менува како што минуваат годините. Во 2004 година кога за еврокомесар за проширување беше поставен Финецот Оли Рен, Европската унија ја доживеа својата најголема експанзија, прифаќајќи 10 нови членки.
Тоа не е позиција на сите членки на Европската унија. Јункер не ја исклучи можноста од натамошно проширување. Но, неговата проценка е дека ниту една земја нема да биде подготвена за тоа во текот на неговиот мандат.Маја Бобиќ, српско Европско движење.
Постоеше надеж дека Унијата ќе продолжи да се шири кон Западен Балкан, преку Турција до земјите од екс Советскиот Сојуз.
Но, ваквиот апетит, се чини исчезна, по деценијата финансиски кризи, евроскпетицизам и растечка неволност за спротивставување со Русија.
Со новата Европска комисија стана јасно дека Унијата веќе нема да гледа надвор, туку внатре.
Знак за тоа е фактот што голем број од еврокомесарите се задолжени за економски прашања.
Тој израсна во ситуација кога Европа, особено Виена се отвори кон Средна и Источна Европа. Знаете ние имаме богата традиција тука во Виена со соседските односи, посебно со Балканот. Тоа е нешто како австриски двор. Апсолутно сум сигурен дека ќе се ангажира.Верен Фаслабенд, австриски Институт за европска политика.
Исто така позицијата за проширување што ја држеа Оли Рен и неговиот наследник Штефан Филе сега е модифицирана во „соседство и преговори за проширување“.
Тоа јасно става на знаење дека Унијата сака да преговара, но не и да дејствува.
Идниот претседател на Комисијата Жан Клод Јункер неколкупати повтори дека за време на неговиот петгодишен мандат ќе нема прием на нови членки.
Како последна лани беше примена Хрватска. Новите европски приоритети може да бидат удар врз сегашните земји кандидати како например Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора, каде што Брисел ја држи можноста за членство за да ги охрабри тамошните влади да спроведат непопуларни реформи.
Немаме никакво ветување за членство за некоја од овие земји и искрено зборувајќи јас не мислам дека тоа ќе се смени. Апсолутно не постои интерес на некоја да и биде понудена можност за членство во догледно време.Аманда Пол, Центар за Европска политика.
Некои аналитичари сметаат дека оваа одлука ќе биде поразителна за Западен Балкан, но Маја Бобиќ од српското Европско движење вели дека одлуката не треба да ги спречи земјите да ги спроведат реформите.
„Тоа не е позиција на сите членки на Европската унија. Јункер не ја исклучи можноста од натамошно проширување. Но, неговата проценка е дека ниту една земја нема да биде подготвена за тоа во текот на неговиот мандат“, вели Бобиќ.
Се уште не е познато како 56-годишниот Австриец Јоханес Хан кој е задолжен за преговорите за проширување ќе влијае врз целиот процес.
За разлика од неговиот претходник Филе кој израсна во комунистичка Чехословачка и течно зборува руски, Хан, кој кариерата ја градеше во австриската Народна партија, беше еврокомесар за регионална политика и во Брисел нема репутација на трудољубив работник.
Неговата нова задача ќе биде, како што изјави Јункер, да ги зацврсти политичките и економските односи на Унијата со соседството, особено со Западен Балкан.
За Верен Фаслабенд од австрискиот Институт за европска политика, Хан е идеална личност за тоа.
„Тој израсна во ситуација кога Европа, особено Виена се отвори кон Средна и Источна Европа. Знаете ние имаме богата традиција тука во Виена со соседските односи, посебно со Балканот. Тоа е нешто како австриски двор. Апсолутно сум сигурен дека ќе се ангажира“, вели Фаслабенд.
Со него не се согласува Аманда Пол од Центарот за Европска политика која вели:
„Немаме никакво ветување за членство за некоја од овие земји и искрено зборувајќи јас не мислам дека тоа ќе се смени. Апсолутно не постои интерес на некоја да и биде понудена можност за членство во догледно време“, вели Пол.
Со тоа, според неа, Европската унија сама си ја копа јамата, бидејќи таа сака овие држави да ги продолжат реформите и со самата можност некогаш да станат нејзини членки.