Рускиот претседател Владимир Путин претходно и нареди на владата да направи список на земјоделски производи што стигнуваат во Русија од земјите кои и воведоа санкции.
Со ембаргото кое е одговор на западните санкции против Русија е опфатен увозот на месо, млеко, млечни производи, овошје и зеленчук.
Русија, а особено Москва, во голема мера зависи од увозот на прехранбени производи од западните земји.
На ова гледаме како на јасен политички потег на руските лидери. Тоа е несреќен чекор. Најголеми губитници ќе бидат руските потрошувачи, бидејќи ќе мораат да плаќаат повеќе.Дејл Мур, директор во американското Федерално биро за земјоделство.
Се проценува дека вредноста на увозот на американски земјоделски производи изнесува над милијарда долари годишно, додека на европските производи скоро 12 милијарди долари.
Портпаролот на Белата куќа Лаура Магнусон оцени дека ваквиот одговор на Москва на западните санкции ќе и донесе големи штети на руската економија.
Таа потсети дека Руската централна банка претходно соопшти оти забраната на увозот на храна ќе ја зголеми инфлацијата во земјата.
Со иста оценка е и Дејл Мур, директор во американското Федерално биро за земјоделство.
„На ова гледаме како на јасен политички потег на руските лидери. Тоа е несреќен чекор. Најголеми губитници ќе бидат руските потрошувачи, бидејќи ќе мораат да плаќаат повеќе“, вели Мур, наведувајќи дека ваквата забрана не била изненадување за американските фармери.
Москва претходно воведе забрана за некои земјоделски производи од Украина, Молдавија и Полска. Новата мерка на Кремљ значително ќе ги погоди полските земјоделци, бидејќи таа се однесува на целата Европска унија.
Се укажува на тоа дека балканските земји кои не се членки на Европската унија би можело да бидат пазари од каде што Русија ќе купува храна. Така игра Путин. Сигурно ќе се обиде да ја подели Европа.Марек Савицки, полски министер за земјоделство.
„Изгледа дека не ќе можеме да продаваме на европскиот пазар. И европските земјоделци ќе останат со своите производи дома“, изјави полскиот министер за земјоделство Марек Савицки.
Според него, Путин со овој потег настојува да го вовлече и Балканот во трговската војна меѓу Русија и Западот.
„Се укажува на тоа дека балканските земји кои не се членки на Европската унија би можело да бидат пазари од каде што Русија ќе купува храна. Така игра Путин. Сигурно ќе се обиде да ја подели Европа“, изјави Савицки.
Со него се согласува и министерот за стопанство Јануш Пјехочињски кој вели:
„Одиме во војна каква што немаше во Европа. Трговска војна. Трошоци и загуби ќе има и на двете страни. Наскоро ќе може да има и обиди за натамошни поделби. Екипата на Путин ќе ја дели Европа на подобри и полоши земји според нејзините политички симпатии“, вели Пјехочињски.
На тоа дека Русија смета на други пазари потврди и помошник шефот на руската ветеринарна и санитарна агенција Алексеј Алексенко.
„Голем број земји и сега се подготвени да ја зголемат нивната размена на стоки со Русија. Турција беше првата која излезе со таква намера. Исто така Кина и некои други земји се подготвени да не снабдуваат со нивни прехранбени производи“, рече тој.
Алексенко оцени дека руската мерка е оправдана ако се имаат предвид западните санкции кои ги нарече економска уцена.
„Нашата мерка е оправдана. Русија треба да носи свои одлуки како да ја продолжи соработката со земјите кои го сакаат тоа или, пак, кои сакаат да и наштетат“, изјави Алексенко.
Деновиве во Москва беше објавено дека Русија разгледувала забрана на транзитни летови на европските превозници над нејзина територија. Таквата мерка значително ќе ги зголеми цените на летовите од Европа до Азија, бидејќи авиокомпаниите ќе мора да користат подолги воздушни линии.