Разговорите за проверка на избирачкиот список ќе се водат без учество на членовите од СДСМ во работната група за проверка на избирачкиот список. Потпретседателот на СДСМ и член на работната група, Дамјан Манчевски, вели дека тие не учествуваат на денешниот состанок за проверка на избирачкиот список затоа што не сакаат таму да разговараат за едно од нивните пет барања за надминување на политичката криза во земјава.
Сметаме дека е безпредметно да се разговара за нешто што треба да е дел од петте точки за кои СДСМ бара да се преговара меѓу власта и опозицијата со цел да се обезбедат минимум услови за фер и демократски политички натпревар и избори.Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.
„Сметаме дека е безпредметно да се разговара за нешто што треба да е дел од петте точки за кои СДСМ бара да се преговара меѓу власта и опозицијата со цел да се обезбедат минимум услови за фер и демократски политички натпревар и избори“, изјави Манчевски и нагласува дека бараат да се разговара за сите пет нивни барања и оти не гледаат потреба за парцијални разговори на поедини теми кои „нема да донесат решение на проблемите“.
Се предлага избирачкиот список да се проверува со теренска анкета, односно членови на ДИК од врата на врата да проверуваат дали луѓето запишани во избирачкиот список навистина живеат на посочените адреси. Работната група денеска ја разгледува работната верзија за спроведување на Методологијата за проверка на избирачкиот список изготвена од Државната изборна комисија.
Ќе се определат, барем така е предвидено во предлог-акцискиот план, четири помали пилот општини, каде што ќе се формираат комисии и на лице место, на терен ќе ги проверуваат избирачите на адресите на кои се запишани во избирачкиот список, да проверат дали се тука, дали живеат тука, дали поседуваат биометриски лични документи, значи пасош или лична карта.Бедредин Ибраими, член на ДИК и претседател на работната група за проверка на избирачкиот список.
Членот на ДИК и претседател на работната група, Бедердин Ибраими, вели дека се предвидува постоечкиот избирачки список да се проверува со теренска анкета.
„Се работи за проверка на постоечкиот избирачки список со пресек од денот кога ќе се договорат политичките партии и треба да се направи теренска проверка, значи од избирачкиот список кон избирачот. Ќе се определат, барем така е предвидено во предлог-акцискиот план, четири помали пилот општини, каде што ќе се формираат комисии и на лице место, на терен ќе ги проверуваат избирачите на адресите на кои се запишани во избирачкиот список, да проверат дали се тука, дали живеат тука, дали поседуваат биометриски лични документи, значи пасош или лична карта. Значи, се работи за активност која е потпомогната од страна на ОБСЕ/ОДИХР“, вели Ибраими.
Кои ќе бидат пилот општини во кои ќе се спроведува проверката сè уште не е утврдено. Експертот на ОБСЕ Џон Арон пред една година престојуваше во Македонија. Тој имаше задача да изработи стратегија за проверка на избирачкиот список. Ибраими вели дека Арон предложил две варијанти за проверка на списокот, а работната група и подоцна ДИК треба да утврдат која методологија ќе ја прифатат.
Оваа активност на ДИК доаѓа во пресрет на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, како и во време кога речиси целата опозиција ја бојкотира работата на собранието. Прочистувањето на Избирачкиот список е едно од петте барања на СДСМ за враќање на опозицијата во Собранието. Сепак, најголемата опозициска партија смета дека избирачкиот список може да се прочисти единствено преку спроведување попис.
Во Работната група за прочистување на Избирчакиот список учествуваат неколку членови на ДИK, претставници на четирите најголеми партии (ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА), потоа претставници од министерствата за правда и за внатрешни работи, претставник од управата за матична евиденција и од Државниот завод за статистика, како и од невладината „Мост“, претставници од Kанцеларијата на ЕУ, ОБСЕ и од Амбасадата на САД.