Тетовските улици секој си ги вика по свое

Илустрација.

За условно речено главната сообраќајница во Тетово, Македонците и понатаму го користат името Маршал Тито, иако во 2007 година таа беше преименувана во Илирија. Името на булеварот Илинденска не се промени, но Албанците го користат називот Гостиварски пат.

Од 2007 година кога тогашното општинско раководство ги промени имињата на 20-тина улици во Тетово, граѓаните во секојдневната комуникација ги именуваат според називот кој повеќе им одговора, односно е поблизок до нивната етничка заедница. За условно речено главната сообраќајница, Македонците и понатаму го користат името Маршал Тито, иако во 2007 беше преименувана во Илирија. Името на булеварот Илинденска не се промени, но Албанците го користат називот Гостиварски пат.

Кај одреден дел на граѓани тоа се користи како инерција од старите имиња кои беа претходно тука. Тоа беа имиња кои што беа голем период во употреба, а кај одреден помал дел на граѓани можеби таа перцепција се јавува како незадоволство од мнозинството дека има промена на имиња.
Сретен Коцевски, Институт за развој на заедниците.

Влијание за појавата имаат поранешниот и сегашниот општествен систем кои македонската и албанската етничка заедница различно ги разбираат, смета Сретен Коцевски од Институтот за развој на заедниците.

„Кај одреден дел на граѓани тоа се користи како инерција од старите имиња кои беа претходно тука. Тоа беа имиња кои што беа голем период во употреба, а кај одреден помал дел на граѓани можеби таа перцепција се јавува како незадоволство од мнозинството дека има промена на имиња“, вели Коцевски.

Сличен став има и Бујар Љума од Центарот за балканска соработка Лоја.

Во држави како што е Швајцарија за една мала работа би се правел референдум. Тука кај нас да никне цел плоштад може без никој да биде консултиран, така што сè ова придонесува кон таа поделеност.
Бујар Љума од Центар за балканска соработка Лоја.

„Ако некој 50 години наметнал нешто, најверојатно некој друг после 20 години се обидува во рамките на тоа што може да го наметне. Значи ја немаме таа култура на партиципативен пристап кон разрешување на нештата. Тој пристап го нема. Ни локалните ни централните власти и после ова се препушта кај слободната волја на граѓанит“, вели Љума.

Променетите имиња различно се користат и од институциите. Имено Маршал Тито сè уште се користи од Министерството за внатрешни работи во издавањето лични карти, додека локалните општински установи во сметки и документи го користат името Илирија. Двајцата соговорници сметаат дека е потребно поголемо учеството на граѓани во носењето одлуки, но и попрецизен пристап на институциите во надминувањето на ваквите појави.

„Процесот да биде партиципаторен, да бидат вклучени сите заинтересирани страни, но да има решенија кои нема да генерираат криза или тензија понатаму туку ќе се овозможи на локалната заедница да оди напред, економски развој и така натаму“, вели Коцевски.

„Во држави како што е Швајцарија за една мала работа би се правел референдум. Тука кај нас да никне цел плоштад може без никој да биде консултиран, така што сè ова придонесува кон таа поделеност. Целата културна политика, како култура во политиката е сведена на точка каде зборовите веќе немаат никаква смисла, што и да се каже сè може, што и да не се каже сè може“, вели Љума.

Разлики има и кај топонимите. Наместо Попова Шапка, албанската заедница го користи називот Кодра е Диелит, што значи Сончева Долина.