И во Дебар е извршена промена на имињата на училиштата во согласност со одлуката на Советот на општината, применувајќи го и локалниот Бадентер. Деветолетката „Браство единство“ е преименувана во „Пенестија“, инаку старо име на Дебар додека, пак, гимназијата „Здравко Чочковски“ во „28 Ноември“, Ден на албанското знаме и независност.
Засега, преименувањето на училиштата не создава политички тензии, а нема реакции ниту на политичките партии. Според градоначалникот на Дебар Аргетим Фида, одлуката за преименување е донесена на коректен начин со почитување и на законот.
„По иницијатива на родителите, потоа гласањето на учениците, овие училишта со одлука на Советите и управните одбори на училиштата и по нивен предлог основното општинско училиште „Братство единство“ се преименува во „Пенестија“, инаку старо име на Дебар. Истото се случи и во средното општинско училиште „Здравко Чочковски“, кое се преименува во „28 Ноември“. Советот на општината при гласањето го употреби и локалниот Бадентер. И сите припадници на другите заедници беа за промените. Инаку, општина Дебар е со мнозинско албанско население, а тоа мнозинство е огромно во градот Дебар, така што промените се прифатени сосема нормално и без тензии“, вели Фида.
Во двете општински училишта во кои наставата се изведува на македонски и албански јазик извршени се контроли од страна на надлежните инспектори, вели градоначалникот на Дебар и додава дека постапката била во ред.
„Според заклучокот на инспекторите на Министерството за локална самоуправа, процедурата во донесувањето на одлуката од страна на општината Дебар ги почитувала законските одредби. Но, за жал, од Министерството за образование, и покрај тоа што мина предвидениот законски рок за одговор од 60 дена за прифаќање на статутите, нема одговор. Ние го применивме законот за општа управна постапка, според кој, чинот на молчење е прифаќање, така што ние постапивме по нашите одлуки“, додава Фида.
После овие промени, локалната власт најавува и примена на одлуката за преименување на улиците, која инаку е донесена пред повеќе од три години, а за која исто така нема зелено светло од страна на надлежните владини институции. Со одлуката донесена од советот, преименувани се улиците кои имаа имиња од поранешниот систем, а на нивно место во најголем дел се поставени имиња на личности и дејци од албанската историја.
Основното општинско училиште „Братство единство“ се преименува во „Пенестија“, инаку старо име на Дебар. Истото се случи и во средното општинско училиште „Здравко Чочковски“, кое се преименува во „28 Ноември“. Советот на општината при гласањето го употреби и локалниот Бадентер. И сите припадници на другите заедници беа за промените.Аргетим Фида, градоначалник на Дебар.