Името на главната битолска улица Маршал Тито кое се користеше 70 години е заменето со Широк Сокак. Улицата Иво Лола Рибар со Македонска фаланга, Иван Милутиновиќ со Филип Втори, Бошко Буха со Круме Кепески и други. Со одлука на општинскиот Совет преименувани се 24 улици кои претежно носеа имиња од социјалистичкиот период.
Ваквата постапка предизвика реакции од опозиционите советници кои обвинија дека локалната власт ги преименува улиците последниот ден пред почетокот на забраната шест месеци пред избори да нема вакви промени.
„Точно во периодот пред локалните избори да променувате ваква бројка на улици во кои ќе се создаде функционален проблем во делот на самиот чин на гласање и повикување, во делот на личните документи, во делот на она што ќе претставуваат и дополнителни трошоци за промена на личните документи на граѓаните кои живеат на преименуваните улици, создава целосна забуна“, изјави Томе Наумов советник од СДСМ.
„Законот е јасен дека шест месеци пред одржувањето на било кои избори, не смее да се менуваат имиња на улици. Ако изборниот закон пишува дека локалните избори ќе се одржат во втората половина на март, тоа значи дека од 16 септември, власта нема да има право да ги менува улиците. Таа го фати последниот воз да ја истурка својата политика, да ги промени имињата на улиците“, изјави Горан Милевски од ЛДП.
Советниците од владејачката партија потврдија дека идните шест месеци нема да можат да се менуваат имињата, но не гледаат ништо спорно во досегашното преименување. Велат поставени се имиња на македонски борци, како и на бранителите од Битола кои загинаа во конфликтот во 2001 година.
„Одговорно тврдам дека се земени предвид имиња на истакнати личности од минатото на Македонија и на Битола. Зар бранителите кои ги положија животите не заслужуваат да бидат на листите на имиња“, изјави Сашо Илијовски од Комисијата за урбанизам.
Точно во периодот пред локалните избори да променувате ваква бројка на улици во кои ќе се создаде функционален проблем во делот на самиот чин на гласање и повикување, во делот на личните документи, во делот на она што ќе претставуваат и дополнителни трошоци за промена на личните документи на граѓаните кои живеат на преименуваните улици, создава целосна забуна.Томе Наумов, советник од СДСМ.