Иако летниов период повеќе заличуваше на есенски, сепак му се ближи крајот, а заедно со него и на летните „културни“ манифестации од огромно значење за културниот идентитет на нашата ни мила Македонија. Иронично нели?
Се градеше „Скопје 2014“, прво се негираа, а потоа се клекна пред дејците од македонската револуција кои до пред извесен период едвај и да им се спомнуваше име. Се градеа градби кои народот го вратија 20-30 па дури и 50 години наназад и го потсетија на лошите и црни дамки од историјата.
Помина и долго очекуваниот „фестивал на пивото“ во државава, кој како да не ја научи лекцијата од минатогодишните проекции со гостите кои наводно ги „носат“ на желба на граѓаните, а за баснословните суми кои ги добиваат ни да не зборуваме. Кога доаѓа времето за одржување на ваквите културни настани кои се од доста особено значење за Македонија како да ме боцка она малото потзатскриено дискриминирање на македонските уметници, особено при најавувањето на истите тие настани, како да се музичари од втор ред. Знам дека на некој начин тоа тие го забележуваат, но немајќи друго решение во државава гледајќи ги нивните активности со оглед на тоа дека скоро сите македонски уметници потпишуваат договори со странски издавачки куќи лесно преоѓаат преку таквиот третман од страна на овдешните музички, па и политички мангупи. Но ајде да го погледнеме овој проблем од идентитетско - културен аспект, со оглед на тоа дека и самиот Премиер на Република Македонија вели дека некој однадвор има проблем со нашиот идентитет. Епа господине Премиер, првенствено одвнатре си имаме проблем со идентитетот, се прашувате ли зошто?!
Периодот, почнувајќи од 2006 година, како основен проблем за кој Македонија треба и мора да изнајде решение е внатрешниот проблем со идентитетот, односно културниот идентитет кој е неприкосновен дел од целината наречена ИДЕНТИТЕТ. Не дека Македонија не ја тресат и други проблеми, но овој некако излегува како суштински проблем, болест кој ја мачи токму нашата држава.
Не се прифаќа оправдување од типот „Македонија нема уметници”. Зарем со осамостојувањето не дадовме амин за култура по која Македонецот ќе се гордее што е Македонец?
Ќе рече некој 2006 година е далеку зад нас и можеби е во право, искрено и не мора толку далеку да се навраќаме тука се 2012/13 година, години во кои Македонците како народ доживеаја идентитетски земјотрес. Се градеше „Скопје 2014“, прво се негираа, а потоа се клекна пред дејците од македонската револуција кои до пред извесен период едвај и да им се спомнуваше име. Се градеа градби кои народот го вратија 20-30 па дури и 50 години наназад и го потсетија на лошите и црни дамки од историјата. Ќе речете зошто мешам историја, па зарем историјата не е култура и идентитет на еден граѓанин?!
Зарем македонската култура ја вреднуваме со концертни изданија на некои си уметници од соседството кои во голема мера во Европа и пошироко се означени како кич-уметници, нешто за што Македонецот не знае или пак поверојатно не сака да разбере. Не се прифаќа оправдување од типот „Македонија нема уметници”. Зарем со осамостојувањето не дадовме амин за култура по која Македонецот ќе се гордее што е Македонец?
Тешко можам да кажам дека овие прашања некогаш ќе бидат соодветно одговорени со оглед на натамошното витоперување на културно-историскиот белег врз македонскиот идентитет, некои големи политички мангупи и понатаму играат на картата од деведесеттите наместо да упорно го тераме патот кон иднината, патот кој токму преку културниот идентитет Македонија достојно ќе ја претставува во склоп на Европското семејство за кое се поретко слушаме. Како да се откажавме од Европските аспирации или можеби грешам?
На крајот можам слободно да кажам дека Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија и понатаму ќе се залага и цели кон: издигнување и афирмација на македонскиот национален и културен идентитет, но и зачувување и зајакнување на македонските културни и етнолошки активности. За таа цел ги повикуваме сите млади заедно со УМС на ВМРО-Народна партија, но отворено ги повикувам и останатите политички подмладоци со заеднички сили ја промениме сликата која го гнаси, а не краси културно-историскиот идентитет – единка од целината наречена македонски ИДЕНТИТЕТ.