И Вевчани во Македонија и Стеблево во Албанија, две погранични општини кои лежат на планината Јабланица, сакаат да градат скијачки центри на истата планина. Властите во Вевчани предвидуваат за најмногу шест години да заврши изградба на ски терените од македонска страна. Според нив, потребно е да се најдат инвеститори и за изградба на хотели и други сместувачки капацитети.
Дојдоа од Татра лифт, беа во посета на терените на Јабланица, ги виделе терените и три часа пешачеле. Тие работат во цела Европа и во Азија на изградба на ски терени, ски лифтови и жичарници. Тие веројатно ќе учествуваат во изградбата по изработката на мастер планот и ќе бидат едни од инвеститорите на тој проектот.Цветомир Угриноски, градоначалник на Вевчани.
Словачката компанија Татра лифт изразила желба да гради ски терени на Јабланица. Ова го потврди градоначалникот на Вевчани, Цветомир Угриноски. Тој кажа дека претставници на оваа компанија деновиве биле во Вевчани, а направиле обиколка и на Јабланица.
„Дојдоа од Татра лифт, беа во посета на терените на Јабланица, ги виделе терените и три часа пешачеле. Тие работат во цела Европа и во Азија на изградба на ски терени, ски лифтови и жичарници. Тие веројатно ќе учествуваат во изградбата по изработката на мастер планот и ќе бидат едни од инвеститорите на тој проектот“, вели Угриноски.
Досега има интерес од компании од Дубаи, Австрија и Швајцарија кои го имаат гледано теренот. Зборуваме за инвестиција од три милиони евра. Има идеи да има и игралишта за хокеј на мраз и фудбалски игралишта.Албан Фејзо, градоначалник на Општина Стеблево во Албанија.
РСЕ: Колку е предвидено да чини тој проект?
„Зависи што ќе предвидиме да има таму и можам да кажам ако сето тоа се оствари во наредните 5-6 години. Доаѓаат и други компании, се интересираат, но немаме ништо конкретно сè додека не се изработи мастер планот. Кога тој ќе се изработи ќе може и поконкретно да разговараме“, рече Угриноски.
Физибилити студијата првично покажала дека проектот би можел да се реализира.
„Во процедура е изработка на физибилити студијата и мастер планот кој го финансира Владата на Македонија. Го работи фирма од Гренобл, Франција, и истиот ќе биде готов до почеток на јули. Скијачките терени кои ги преземаме да ги правиме треба да ги правиме во заеднички интерес со соседните општини од Албанија, бидејќи од заеднички интерес е развојот на туризмот. На Јабланица има снег од октомври до крајот на мај, со што сезоната за Охрид и Струга се продолжува“, рече Угриноски.
Стеблево е многу поназад од Вевчани во однос на реализацијата на овој проект. Градоначалникот Албан Фејзо вели дека имаат два плана за изградба на ски терени со кои се предвидува изградба на 20-километарски патеки.
„Идејата е ако се градат тие ски центри, бидејќи е голема инвестиција, придружните објекти да бидат на Националниот парк, а да не се градат посебни куќички од страна на инвеститорот. Досега има интерес од компании од Дубаи, Австрија и Швајцарија кои го имаат гледано теренот. Зборуваме за инвестиција од три милиони евра. Има идеи да има и игралишта за хокеј на мраз и фудбалски игралишта“, вели Фејзо.