Достапни линкови

21 мали хидроцентрали на осум македонски реки


Министерот за економија Ваљон Сарачини.
Министерот за економија Ваљон Сарачини.

Министерот Ваљон Сарачини потпиша 21 Договор за концесија за мали хидроелектрични централи со 10 компании.

Министерот Ваљон Сарачини потпиша 21 Договор за концесија за мали хидроелектрични централи со 10 компании.
Се очекува производство на електрична енергија од околу 87 гигават часови. Проценетата инвестиција за сите изградени мали хидроцентрали се проценува дека ќе биде околу 40 милиони евра. Тука исто се планира и отворање на многу работни места.
Ваљон Сарачини, министер за економија.

„Се очекува производство на електрична енергија од околу 87 гигават часови. Проценетата инвестиција за сите изградени мали хидроцентрали се проценува дека ќе биде околу 40 милиони евра. Тука исто се планира и отворање на многу работни места.“

Министерот потврди дека од до сега потпишаните 47 договори, три електрани добиле концесија за производство на електрична енергија.

Претставникот на една од приватните компании Кочо Анѓушев вели дека покрај сувите периоди, Македонија има хидропотенцијал за производство на струја од овој обновлив извор.
Нема да го решат проблемот за електроенергетскиот систем.
Атанаско Туневски, СДСМ.

„Сите мали хидроцентрали, вклучувајќи ги и овие за кои се потпишуваат договори денеска, би замениле една голема хидроцентрала како што е Шпилје, Глобочица или Тиквеш, како во однос на производството така и во однос на инвестициите, објаснува Анѓушев.

Професор Атанаско Туневски, член на опозискиот СДСМ, вели дека малите хидроцентрали нема да придонесат за значајно намалување на зависноста на земјава од увозна и вообичаено поскапа електрична енергија.

„После извесен број години, веројатно седум до 10 години, тие ќе започнат да носат профит за сопствениците. Првите седум до 10 години сопствениците ќе го враќаат кредитот што го зеле. Јасно е дека ако има повеќе вода и ако следните години се влажни, тогаш тие мали хидроелектрани побрзо ќе го вратат кредитот, ако се случи да има сушен период сето тоа ќе биде потешко, но како и да е пак ќе речам, за електроенергетскиот систем нема да го решат проблемот.“

Локациите каде ќе се градат малите хидроелектрични централи се на реките Бистрица, Пена, Брза Вода, Крива Река, Одранска, Беловишка, Бачишка, Јабланица и други од вкупно 68 места за изградба. За 21 хидроцентрала, договори за концесија потпишаа две италијански и осум македонски компании.
XS
SM
MD
LG