Жители од струшко кои живеат во пограничниот регион со Албанија се жалат дека ловџии од другата страна на границата на подол и нехуман начин ловеле дивеч на македонска територија. Овие луѓе раскажуваат дека ловџии од Албанија буквално си поигрувале со животните и оти без проблем влегувале на наша територија. Маријан Наумоски, ловочувар во Ловечкото друштво „Црн камен“, вели дека албански државјани со поставување на сајли, односно примки, го уништувале дивечот.
„Имаме секојдневен упад и масовно присуство на ловџии од Албанија. Тие ловат на еден подол начин со поставување на сајли. На неколку пати сме нашле распаднати мечки кои претходно биле фатени. Имаше отстрел на дива свиња на наши ловџии каде во вратот и најдовме зарасната сајла. Тие доаѓаат на наша територија, поставуваат примки, односно замки, и го уништуваат дивечот. Од таа страна на границата, и покрај тоа што станува збор за Национален парк, нема никаква контрола“, вели Наумоски.
Тој посочува дека на неколку пати досега имале директни средби со ловџии од Албанија на кои им било укажано да не ловат на македонска територија.
Оваа ситуација била најмногу изразена на потегот меѓу селата Дренок и Модрич. Откако АРМ ја повлече караулата на тој регион сега тој простор е слободен, вели Иванче Лекоски, секретар на здружението за афирмација на Долни Дримкол.
„Според кажувањата на селаните, ловџиите од Албанија најмногу ги има на потегот на селото Дренок. Најмногу се ловат диви свињи, срни и друг дивеч. Откако се затвори караулата на АРМ, сега тоа е слободен простор и таму нема ништо. Од потегот на Требишки Мост до Јабланица тоа е слободен премин, слободно влегуваат и излегуваат и поставуваат стапици. Со помош на примки ги ловат и бегаат назад за Албанија“, рече Лекоски.
На почетокот на оваа година, на Јабланица беа отстрелани и неколку срни кои се заштитени со закон во Македонија.
„Имавме дојава од самите ловци дека е отстрелана срна. Ја најдовме кожата одрана, главата и имаше делови од утробата. Беше над селото Јабланица и од таму сигурно имаше слезено во самото село и тука е обработена. Срната кај нас е заштитена со закон, но Министерството за земјоделство дава квота колку за една година е дозволиво да се пушти за отстрел. На годишно ниво е дозволиво околу 20. За отстрел на срна се вади посебна дозвола“, вели Наумоски.
Ловџиите велат дека Јабланица располага со богат дивеч. Велат дека најмногу има мечка, волк, лисица и срна.
Имаме секојдневен упад и масовно присуство на ловџии од Албанија. Тие ловат на еден подол начин со поставување на сајли.Маријан Наумоски, ловочувар во Ловечкото друштво „Црн камен“.
„Имаме секојдневен упад и масовно присуство на ловџии од Албанија. Тие ловат на еден подол начин со поставување на сајли. На неколку пати сме нашле распаднати мечки кои претходно биле фатени. Имаше отстрел на дива свиња на наши ловџии каде во вратот и најдовме зарасната сајла. Тие доаѓаат на наша територија, поставуваат примки, односно замки, и го уништуваат дивечот. Од таа страна на границата, и покрај тоа што станува збор за Национален парк, нема никаква контрола“, вели Наумоски.
Тој посочува дека на неколку пати досега имале директни средби со ловџии од Албанија на кои им било укажано да не ловат на македонска територија.
Според кажувањата на селаните, ловџиите од Албанија најмногу ги има на потегот на селото Дренок.Иванче Лекоски, секретар на здружението за афирмација на Долни Дримкол.