Старо-нова влада со старо-нова програма

Архивска фотографија: Никола Груевски го образложува експозето за нова влада пред Собранието на 27 јули 2011 година.

Мандатарот Груевски во програмата на новата Влада што ја достави пред десетина дена наведе дека во периодот до 2018 година ќе се концентрираат на неколку стратегиски цели. Тие, пак, се сосема идентични со оние кои и во 2011 година во експозето пред пратениците ги кажа дека се приоритетни.
Старо-новиот премиер со сличен кабинет и слични цели како и во претходната влада денеска од пратениците ќе ја бара довербата за составот и програмата што ги предложи.
Мандатарот Груевски во програмата на новата Влада што ја достави пред десетина дена наведе дека во периодот до 2018 година ќе се концентрираат на неколку стратегиски цели. Тие, пак, се сосема идентични со оние кои и во 2011 година во експозето пред пратениците ги кажа дека се приоритетни.


Мандатарот Груевски во програмата на новата Влада што ја достави пред десетина дена наведе дека во периодот до 2018 година ќе се концентрираат на неколку стратегиски цели. Тие, пак, се сосема идентични со оние кои и во 2011 година во експозето пред пратениците ги кажа дека се приоритетни.


Тој и сега и тогаш наведуваа дека владата ќе работи на зголемување на економскиот раст и на вработеноста, на пораст на животниот стандард на граѓаните, интеграција на земјата во ЕУ и во НАТО, борба против корупцијата и криминалот, одржување на добри меѓуетнички односи врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување и спроведување на Охридскиот рамковен договор. Приоритетно за владата и пред три години и сега е инвестирањето во образованието, науката и информатичката технологија.
Овој ќе биде четврти мандат на Груевски како премиер и најголем кабинет кој го предложил.


Денешната седница за разлика од онаа во 2011 година која траеше два дена се очекува да заврши до полноќ, а според некои партиски информации до претпладнево имало пријавено дваесетина говорници.

Овој ќе биде четврти мандат на Груевски како премиер и најголем кабинет кој го предложил. Составот има 26 члена заедно со него со што владата е втора по големина во Македонија по онаа на Љубчо Георгиевски и е актуелен рекордер во регионот. До таа бројка Груевски стигна со предложувањето на седум министри без ресор. Бројката на потпретседатели на владата останува иста, односно четворица, а исти оценуваат и луѓето што беа на тие позиции односно Муса Џафери, Фатмир Бесими, Владимир Пешевски и Зоран Ставрески.

Инаку што се однесува до министерските места и нема голема промена во бројот на ресорите што ќе ги добијат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Нови имиња од редовите на партијата на Груевски и неговите предизборни коалициски партнери се Зоран Јолевски кој е предлог за министер за одбрана, Михаил Цветков за ресорот земјоделство и Горан Мицковски за министер без ресор.

Од ДУИ, пак, има повеќе нови министри. Ахмети за правда го предложи Аднан Јашари, за економија Беким Незири, за локална самоуправа Љирим Шабани, за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири. Гордана Јанкулоска, Никола Попоски, за финансии Зоран Ставрески, Никола Тодоров, Диме Спасов, Елизабета Канческа-Милевска, Иво Ивановски, Миле Јанакиески остануваат на истите функции.

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ги сменија само раководните позиции во министерствата за одбрана и за образование. Откако на чело на одбраната беше Талат Џафери, сега на позицијата доаѓа досегашниот преговарач за спорот за името и амбасадор во САД Зоран Јолевски, а образованието го презема Абдулаќим Адеми.