Достапни линкови

Кој ќе биде нов преговарач за името?


Премиерот Никола Груевски рече дека се чека Јолевски да дојде во земјава и да седне во министерското столче, по што, во договор со него, ќе бил именуван нов преговарач за спорот зо името.

Државниот врв дополнително ќе се координира околу тоа кој ќе ја продолжи улогата на македонски преговарач во спорот за името, велат од Кабинетот на претседателот, откако Зоран Јолевски беше предложен од страна на мандатарот Груевски за министер за одбрана во новата влада.
Секое менување на преговарачот, ако ништо друго, ако не за запознавање со проблемот или со деталите, губи време во креирањето на односот со медијаторот.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.


По логиката на досегашната пракса, како најсериозен кандидат за преговарач во јавноста се спомнува поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, Васко Наумовски кој минатата година беше назначен за амбасадор во Вашингтон. Засега единствениот одговор на премиерот на ова прашање беше - ќе видиме. Според него, се чека Јолевски да дојде во земјава и да седне во министерското столче, по што, во договор со него, ќе бил именуван нов преговарач за спорот зо името.
Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции.
Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции.


Според експертите, функциите амбасадор во Вашингтон и наш преговарач за името воопшто не се исклучиви и таа практика може да продолжи со оглед на тоа што преговарач не е функција која подразбира полно работно време и други вработени. Од друга страна, како што истакнува политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, многу е важно и самиот амбасадор во Вашингтон да ја обавува својата функција така што ќе биде поприсутен во вашингтонските дипломатски кругови.
Ако некој влегол веќе во таа материја и ја владее, многу полесно и покорисно е тој да продолжи, иако не би било ништо страшно и новиот амбасадор во Вашингтон да ја преземе таа функција.
Ристо Никовски, поранешен дипломат.


„Така што, ако во Вашингтон има личност која е активна, сигурно дека на целиот процес на преговарање, преку познанства, лобирања, пријатели и тн., може да му потпомогне“, вели Муслиу.

Треба да се има предвид и тоа дека грчката страна го нема сменето нивниот преговарач од почетокот и тоа менување од наша страна подразбира процес кој нè враќа чекор наназад.

„Секое менување на преговарачот, ако ништо друго, ако не за запознавање со проблемот или со деталите, губи време во креирањето на односот со медијаторот“, вели Муслиу.

Тоа исто така значи и префрлање на поголемата тежина на преговорите кај претседателот и кај Владата, додека улогата на преговарачот се сведува на експонирање само на нивните ставови. За критериумот континуитет се залага и поранешниот дипломат Ристо Никовски.

„Ако некој влегол веќе во таа материја и ја владее, многу полесно и покорисно е тој да продолжи, иако не би било ништо страшно и новиот амбасадор во Вашингтон да ја преземе таа функција“, вели тој.

Во таа смисла Никовски смета и дека Јолевски и како министер во Владата може да продолжи да ја обавува функцијата преговарач, особено што дел од разговорите под медијаторство на Нимиц се обавуваат и во Скопје.

Меѓу имињата во јавноста се споменува и Васко Андоновски, поранешен портпарол во Министерството за надворешни работи и од пред неколку месеци наш амбасадор во постојаната мисија на Македонија во ОН.
XS
SM
MD
LG