Амбасадоре Гончарук, каква е во моментот ситуацијата на истокот од Украина? Нас не информираат медиумите, но какви се информациите кои до вас пристигнуваат изворно од терен?
Ситуацијата во земјата е сложена и тоа не го криеме, бидејќи тоа е очигледно. Прашањето треба да се реши на соодветен начин. За тоа дали вистински не ги информираат медиумите на Македонија своите читатели, јас би рекол дека тоа не е сосема така, бидејќи информацијата доаѓа. Но, се појавува прашањето за квалитетот на таа информација, и ми се чини не само кај мене, зашто медиумите на Македонија, пред сè електронските, ја користат во основа информацијата која доаѓа од руските канали „Раша тудеј“ или „РИА новости“ или некои други. Јас не сум против руската информативна агенција. Таа е, исто така, извор на информација, но за жал необјективен. Необјективен, затоа што постои обид да се даде информација само од едното гледиште, дури и да се превртуваат очигледните факти за што има примери. Еве, ќе ви наведам некои. Да речеме, на 2 jуни се случи напад на терористите врз Луганската погранична управа. Таа установа се наоѓа на периферијата од Луганск и врши координирање на пограничната служба на источната граница на Украина и во границите на Луганската област. Како сето тоа го даде „РИА новости“ или „Раша тудеј“? Дека пограничните служби ги нападнаа мирните жители. Доживеаја напад. Нашата погранична служба ја напаѓаа од станбениот микрореон, којшто се наоѓа во близина на Управата, а Русија тврдеше дека пограничната служба војува со мирните граѓани. И всушност веќе беше евидентирано присуството на руските новинари. Од каде ли се најдоа тие таму? Значи, однапред знаеја за тоа. Тоа е едниот пример. Вториот пример е доста сензационален, за притворот на двајца руски новинари од ТВ каналот „Лајф њуз“. За време на подготовката на позицијата за противракетниот зенитен комплекс нив ги притворија во тој момент. Потоа се испостави дека тој ракетно-зенитен комплекс беше превезуван во нивното возило. Имаше многу сензација околу тоа во светот. Руската страна бараше од ОБСЕ да примени активности за ослободување на незаконски притворените новинари и т.н. Но фактот за нивната противправна дејност беше докажан. Што во таков случај може да се зборува за објективноста на руските медиуми, кои згора на тоа користат и стари стории, стари фотографии со настани кои се случуваа во други делови од светот и тоа во таа иста Чеченија и го прикажуваат како тоа да се случува во Украина?! Затоа навистина имаме недостиг од информација тука, соодветно во светот, бидејќи силно работи руската информативна машина. Ние засега на тоа не можеме да дадеме одговор.
Дали територијалните претензии на Русија завршуваат на истокот од Украина или оваа ситуација може да земе поголеми размери?
Разбирате ли во што е проблемот? Проблемот е во тоа што Русија не поставува територијални претензии. Тоа е од едната страна. Од друга страна, во Државната Дума на Руската Федерација познатиот руски политичар Жириновски регистрираше поднесок или закон за, не знам како да го наречам, проект-решение во врска со воведување на војски во осум украински области. Официјално никој не изјавува претензии. Дури во прашањето за анексијата на Крим, Русија поаѓаше од тоа дека Крим самиот ја замоли да влезе во составот на Руската Федерација, а од друга страна оди поддршката на сепаратистите. Ја имам во предвид поддршката со оружје, со милитанти, со други средства, со финансии. Секојдневно, скоро секој ден преку границата на Украина се протнуваат камиони со оружје. Руската погранична служба не презема никакви средства за да го запре тоа. Се добива впечаток дека оружјето не е легално. Се поставува прашање зошто ли е тоа нелегално? Од каде ли го земаат? Можеби го купуваат во супермаркетите, како што порано изјавуваше господинот Путин кога се работеше за инволвираноста во препознатливите ознаки на воените службеници на РФ, како што тоа беше на Крим. Тој тогаш велеше дека униформите може да се купат во секоја воена продавница. Соодветно и оружјето може така да се набави!? Тоа е нашиот главен проблем. Односно, од една страна има доста поволна средина на Истокот од Украина за водење на сепаратистички дејствија, од друга страна тие дејствија се разгоруваат, поддржуваат и финансираат од Русија. Значи, од една страна Русија не претендира на заземање на наша територија, а од друга страна прави сè за да ја разурне украинската држава. Неодамна се истражуваше јавното мислење во Русија. Познатиот руски социолошки центар Ливадин центар ги доби следните резултати: само една петина од Русите се за вклучување на Донбас во составот на Русија и истовремено 58 отсто од Русите се подготвени да го поддржат снабдувањето на сепаратистите со оружје и т.н. Таму имаше уште многу показатели, но ги споменавме поважните.
Од неодамна имате и нов претседател. Дали изборот на Петро Порошенко ги зголемува вашите очекувања за стабилизирање на состојбата во Украина?
Изборот на Петро Порошенко за Претседател на Украина се случи во првиот круг, што во принцип се случи по втор пат во историјата на Украина. На таков начин беше избран првиот претседател на Украина Кравчук, во 1991 година. Гласањето за Петро Порошенко токму така се случи, затоа што луѓето очекуваат стабилизирање на ситуацијата. Знаете, ако изборите се одвиваа во втор круг, тогаш вториот круг ќе требаше да се одржи за три седмици. Можете ли да си претставите колку настани можеа да се случат за тоа време, не многу пријатни за Украина? Сега имаме легитимно избран Претседател. Значи, аргументите на руската страна која се повикуваше на тоа дека не сака да води преговори со Украина затоа што таа има нелегитимна власт сега се отфрлени. Русија изјави дека го почитува изборот на украинскиот народ. Колку таа го почитува тој избор, ќе видиме понатаму. А тоа што се случува сега, тоа што јас го зборував претходно, тоа сведочи за тоа дека почитта и не е толку голема. Русија продолжува да работи на разгорување на ситуацијата во Украина. Јас, како и сите граѓани на Украина, зедов учество во изборите и можам да кажам дека во Амбасадата на Украина во Република Македонија поголемиот дел од гласачите гласаа за Петро Порошенко. Секако дека ние полагаме голема надеж на тоа дека новиот Претседател ќе може на соодветен начин да ја води својата политика која ќе придонесе за забрзување на процесите коишто можат да доведат до стабилизирање на состојбата во Украина. Но, тука треба да се сфати уште една работа. Не е само претседателот одговорен за тоа. За тоа е одговорна и Владата, Парламентот, на крајот на краиштата и украинскиот народ. Главната задача на новиот претседател е правилно да ја оцени ситуацијата и на соодветен начин да ја искоординира работата на сите органи на власта во Украина и исто така на соодветен начин да го помогне консолидирањето на украинското општество. Мислам дека сите тие дејствија можат да доведат до посакуваниот и ефективен резултат.
Носат ли случувањата во Украина безбедносни ризици за Балканот, а во тој контекст и за Македонија?
Знаете, сè на овој свет е меѓусебно поврзано. Ништо не се случува едноставно така и секогаш има последици. Уште повеќе во случајот со Украина. Таа е голема европска држава која е еден од контрибуторите на безбедноста во Европа, и од тоа што се случува во неа зависи и политичката клима во цела Европа. Секако и Балканот и Македонија исто така ќе го чувствуваат тоа и веќе сигурно ги чувствуваат последиците на тоа што се случува во Украина. Друго прашање е во каков обем. Тоа е веќе друго прашање. Влошувањето на ситуацијата во Украина ќе ја влоши ситуацијата во Европа и можно во светот. Тоа е разбирливо. Подобрувањето на ситуацијата во Украина ќе симне многу ризици. Тоа е закономерно.
Сметате ли дека кризата во Украина ќе го забрза влезот на Македонија во НАТО или сте од оние кои веруваат дека Алијансата ќе го одложи натамошното проширување?
Знаете како ми се чини, влезот на Република Македонија во НАТО повеќе зависи од решавањето со Грција на прашањето на спорот за уставното име. Тоа всушност и го потврди неодамнешната посета на генералниот секретар на НАТО Расмусен на Македонија. Тој, се чини, го повтори ставот за кој во НАТО и се зборува на Македонија постојано. Решавањето на прашањето со името ќе значи и покана за Македонија во НАТО. Тоа е сè.
Се согласувате и вие со тој став?
Така и е. Знаете, НАТО не може да премине преку своите принципи, а исто така и ЕУ. Тоа е безмалку вечен проблем.
Значи кризата не ни помага да влеземе во НАТО?
И нашата криза нема да влијае, бидејќи треба да се договара со Грција, што е очигледно.
Какви се вашите впечатоци за позицијата на македонската влада во врска со ситуацијата со Украина? Имате ли средби со претставници на владата?
Секако. Штом ја претставувам Украина во Република Македонија, имам инструкции од своето Министерство за надворешни работи, Владата. Што можам да кажам? Република Македонија ги потврди територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина. Македонија соодветно гласаше за време на разгледувањето на Резолуцијата во Генералното собрание на ОН што се однесуваше за територијалниот интегритет на Украина. Македонија повеќе пати го потврди својот став со гласањето во УНЕСКО или во Советот на Европа. Имено, од таа страна македонската власт покажува пријателски однос кон Украина. Се надевам дека таквиот однос ќе остане и понатаму.
Украина е наш трговски партнер. Какво влијание има украинската криза врз економските односи меѓу Македонија и Украина?
Доколку се земат предвид статистичките податоци во врска со меѓусебната трговска размена за првите три месеци од 2014 година, можеме да кажеме дека кризата не влијае врз неа, бидејќи е забележан пораст во границите на 16 отсто. Од друга страна, кризата сигурно влијае врз ситуацијата во трговско-економската соработка. Но, како да гледаме на тоа? Сигурно вие знаете, ако не, уште еднаш ќе ја информирам публиката и слушателите дека оваа година неколку украински компании инвестираа во економијата на Македонија. Меѓу другото, тоа е металуршкото претпријатие „Константиновска металуршка фабрика“ која го доби тендерот за приспособување на рудници за бакар. Се планира да се инвестира 200 милиони долари. Тука е и Енергокомпанија ЛТД која ќе гради претпријатие во економската зона во близина на Скопје за 19 милиони долари и ќе произведува опрема за пречистување на вода, што ќе се испорачува во земјите на Далечниот и Блискиот Исток. Има и други компании кои се подготвени за воспоставување на соработка со Македонија. Може да се каже дека нашите врски не се прекинуваат. Напротив, тие се зголемуваат. Се надевам дека така ќе биде и понатаму.
Украина има сериозен проблем со исплатата на долгот за рускиот гас. Путин се закани дека ќе ја сопре испораката на гас ако не се плати долгот. Какво влијание би можело тоа да има врз изградбата на проектот Јужен тек, во кој е вклучена и нашата земја?
Односите меѓу Украина и Русија за гасот – тоа е вечен проблем. Проблемот влијае врз испораката на гасот во Европа. Се случија две гасни војни, во 2006 и 2009 год. Што се однесува до долгот, Украина делумно го исплати долгот, остатокот е за февруари и март месец во износ од 786 милиони долари. Како што е познато, Русија побара да во случај да долгот не биде платен до 2 јуни ќе го прекине снабдувањето со гас. Сега рокот е пролонгиран до 9 јуни, траат преговори меѓу Нафтогаз и Газпром. Се работи за намалување на цената на гасот. Параметрите на цената се движат од 268 долари за 1000 кубни метри гас до 485 долари. Комесарот на ЕУ за енергетика Етингер смета дека вистинската цена на гасот треба да биде од 350 до 380 долари. Но, тоа е предмет на преговори. А сега, што се однесува на Јужниот тек. Што може тука да се каже? Европа својот став го кажа. Европа не е против изградбата на Јужниот тек, но во денешни услови кога Русија ја дестабилизира ситуацијата во Украина за негова изградба не може да стане збор. Сè зависи од Русија. Ако таа го смени ставот во поглед на Украина, тогаш во Украина проектот ќе се реализира и јас тука нема што да додадам.
Какви сигнали добивате од меѓународната заедница, расте ли поддршката и дали оваа криза може да ја реши само меѓународниот фактор или решението е меѓу Украина и Русија?
Сигналите се позитивни од меѓународните организации и одделни земји. Нас не поддржуваат. Не сите, но сепак не поддржуваат. Меѓународната заедница, пред сè политичката, ги осудува дејствијата кои ги применува Русија против Украина, но би посакувале поконкретни дејствија кои навистина би влијаеле врз ставот на Русија. Иако може да се рече дека ставот на ЕУ и САД придонесе за одржување на предвремените претседателски избори во Украина, како прво. Како второ, ситуацијата ние треба да ја решиме самите. Не меѓународните организации и странските држави, не Русија, туку украинскиот народ треба да реши. Ако ние самите не се занимаваме со тоа, тогаш нас никој нема да нè поддржува. Затоа коренот на проблемот е во самата Украина. Од тоа како ќе можеме да се договориме или да преземеме соодветни активности, што ќе можат да ја стабилизираат ситуацијата и ако притоа има поддршка од меѓународната заедница, ако има соодветен став од Русија, насочен на конструктивно, а не на дестабилизирање, тогаш ќе постигнеме успех.