Седум министри без ресор и четворица потпреседатели на влада предложи Груевски во новиот владин состав со што всушност според бројноста се доближи до најобемниот кабинет што го имала Македонија, оној на Љубчо Георгиевски.
Имено, владата на поранешниот премиер која трпеше критики и од странците поради бројноста имаше 27 члена, а оваа сега што ја предлага актуелниот премиер ќе има 26, заедно со него.
Апсолутно е непотребно да имаме толкав владин состав коментира аналитичарот Едмонд Адеми.
„Тоа за мене значи дека е задоволување на лични потреби на коалиционите партнери, пред се на помалите коалициони партнери на ВМРО-ДПМНЕ. Апсолутно не е јасно ни што тие министри без ресор ќе работат, која ќе биде нивната улога како членови на Влада“, оценува Адеми.
Груевски пак вчера рече дека новата влада акцентот ќе го ставела на економијата и привлекувањето странски инвестиици и дека затоа имало двајца нови министри без ресор што ќе им помагале на Павлески и Самак.
И аналитичарот Сашо Клековски смета дека министрите без ресор се важни за инвестициите.
„За странските партнери игра одредено значење дали на преговарачката маса има министер или пак понизок чиновник од администрацијата. Мојата претпоставка е дека премиерот сака да го зголеми напорот за што повеќе странски инвестиции“, смета Клековски.
И додека тој оценува дека поради ова нема значително да се проширела владината бирократија бидејќи станувало збор за министри без институции, Адеми има поинакви очекувања.
„Дефинитивно тоа ќе повлече и плус дополнителни буџетски трошоци од нас граѓаните кои го полниме буџетот, вклучително и нови вработувања, претпоставувам дека на секој министер без ресор ќе има по минимум тројца-четворица луѓе околу него“, вели Адеми.
Инаку со овој владин состав Груевски ќе биде и рекордер во регионот. Актуелната влада на Србија има 19 члена, толку има во и кабинетот на бугарската влада, Хрватите имаат двајца повеќе, односно 21 член, а грчкиот премиер Андонис Самарас работи со 17 луѓе.
Претпоставувам дека на секој министер без ресор ќе има по минимум тројца-четворица луѓе околу него.Едмонд Адеми, политички аналитичар.
Имено, владата на поранешниот премиер која трпеше критики и од странците поради бројноста имаше 27 члена, а оваа сега што ја предлага актуелниот премиер ќе има 26, заедно со него.
Апсолутно е непотребно да имаме толкав владин состав коментира аналитичарот Едмонд Адеми.
„Тоа за мене значи дека е задоволување на лични потреби на коалиционите партнери, пред се на помалите коалициони партнери на ВМРО-ДПМНЕ. Апсолутно не е јасно ни што тие министри без ресор ќе работат, која ќе биде нивната улога како членови на Влада“, оценува Адеми.
За странските партнери игра одредено значење дали на преговарачката маса има министер или пак понизок чиновник од администрацијата.Сашо Клековски, политички аналитичар.