По месеци несогласувања и партиски жестоки реплики што доведоа до предвремени избори за околу еден месец претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ го договорија составот на новата влада. Тој не е многу различен од досегашниот кабинет на Груевски, ниту по имињата на министрите, ниту, пак, по бројот на секторите што ги добија двата најголеми коалициски партнери. Поради оваа слика на извршната власт се поставува прашањето зошто воопшто беа потребни предвремени парламентарни избори ако нема голема разлика во кадровскиот и партискиот потенцијал кој и досега ја спроведуваше владината програма.
Професор Здравко Савески вели дека по предлогот за состав на новата влада станало јасно оти причината за изборите не била неможноста за опстојување на коалицијата која и досега функционираше.
„Тоа ја вади на виделина пропагандноста на договарањето на предвремените парламентарни избори пред изборите, бидејќи тогаш ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ рекоа дека не можат веќе да работат во иста влада, а видовме дека можат и тоа го направија релативно лесно во овој период“, оценува Савески.
Според него, процената на партиите зошто да се оди на предвремени парламентарни избори била чисто партиска.
„Веројатно сметаа дека по една година при одржување редовни парламентарни избори, би значело пораз за нив и не би можеле да го изиграат тој националистички аргумент кој го изиграа на ови избори, а можеби се должи на проценката дека на Македонија и следи значително полош економски период“, смета Савески.
И аналитичарот Алајдин Демири е дециден дека новиот владин состав дополнително покажува дека немаше потреба од избори.
„Владата реши да ги спроведе изборите сега затоа што однапред ги знаеше овие параметри, однапред ги знаеше резултатите и единствено што и беше потребно е тајмингот за да купи нови четири години, затоа што остануваат истите проблеми, истиот состав на владата останува, сè е исто“, вели Демири.
Инаку до изборите дојде поради инсистирањето на ДУИ кандидатот за претседател да биде консензуален. ВМРО-ДПМНЕ не го прифати ова барање на коалицискиот партнер и го кандидираше Иванов кој не беше прифатлив за партијата на Ахмети. Иванов победи на изборите, а двете партии кои се на власт веќе шест години повторно прават влада.
Тоа ја вади на виделина пропагандноста на договарањето на предвремените парламентарни избори пред изборите, бидејќи тогаш ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ рекоа дека не можат веќе да работат во иста влада, а видовме дека можат и тоа го направија релативно лесно во овој период.Здравко Савески, универзитетски професор.
Професор Здравко Савески вели дека по предлогот за состав на новата влада станало јасно оти причината за изборите не била неможноста за опстојување на коалицијата која и досега функционираше.
„Тоа ја вади на виделина пропагандноста на договарањето на предвремените парламентарни избори пред изборите, бидејќи тогаш ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ рекоа дека не можат веќе да работат во иста влада, а видовме дека можат и тоа го направија релативно лесно во овој период“, оценува Савески.
Според него, процената на партиите зошто да се оди на предвремени парламентарни избори била чисто партиска.
„Веројатно сметаа дека по една година при одржување редовни парламентарни избори, би значело пораз за нив и не би можеле да го изиграат тој националистички аргумент кој го изиграа на ови избори, а можеби се должи на проценката дека на Македонија и следи значително полош економски период“, смета Савески.
Единствено што и беше потребно е тајмингот за да купи нови четири години, затоа што остануваат истите проблеми, истиот состав на владата останува, сè е исто.Алајдин Демири, универзитетски професор.