Достапни линкови

Ахмети - Компромис со Грција е можен


Треба да се покаже смелост за да се најде компромис со Грција, кој сметам дека може да се изнајде, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети, откако партискиот конгрес му изгласа доверба да продолжи да ја води партијaта.

Али Ахмети очекувано повторно беше избран за претседател на Демократската унија за интеграција на денешниот трет конгрес на партијата што се одржа во Тетово. Од присутните 675 делегати немаше предлог за друг кандидат, а сите јавно гласаа за Ахмети.
Треба да се покаже смелост за да се најде компромис со Грција, кој сметам дека може да се изнајде. Ние цениме дека е важно меѓународната заедница да се ангажира за да се најде крајно решение.
Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Во говорот по изборот, Ахмети посочи дека како лидер ќе се залага партијата да води политика која ќе биде фактор на стабилност и во правец на евроатланските интеграции.

„Треба да се покаже смелост за да се најде компромис со Грција, кој сметам дека може да се изнајде. Ние цениме дека е важно меѓународната заедница да се ангажира за да се најде крајно решение. Со тоа за Македонија се отвора можноста за членство во НАТО и ЕУ кои ќе бидат наш покрив. Нема друга алтернатива“, рече тој.
Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Според Ахмети, во Македонија етничките заедници и понатаму живеат посебно, наспроти духот на Охридскиот рамковен договор кој е токму во таа насока.

„Сите заедно треба да ги решаваме проблемите, па така и во таа насока е потребно и консензуалниот избор на претседател, иницијатива на која и понатаму ќе работиме. Ваквиот избор е во духот на Охридскиот рамковен договор“, рече старо-новиот лидер на ДУИ.
Сите заедно треба да ги решаваме проблемите, па така и во таа насока е потребно и консензуалниот избор на претседател.
Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Ахмети порача СДСМ да не ја бојкотира работата на Собранието.

„Можеби Заев ќе рече дека оваа моја констатација е тенденциозна, но сакам да напоменам дека и јас сум ја искусил оваа ситуација кога ДУИ беше во опозиција од 2006 до 2008 година. Ние не се откажавме од нашите заложби и победивме на избори. Затоа апелираме, ако имаат забелешка за слободата на медиуми или спроведувањето закони, нека се залагаат за разрешување на овие проблеми директно во Собранието“, рече Ахмети.

Партиските делегати направија измени во статутот на партијата со што во Централниот одбор, како највисоко тело меѓу два конгреси, бројот на членови се зголемува од 71 на 81. Исто така повеќе членови ќе има и централното претседателство, каде наместо досегашните 21 ќе членуваат 33 лица. За стратешките цели ДУИ за неколку месеци повторно ќе има конгрес.
XS
SM
MD
LG