Привршуваат преговорите за сите фази. Ова е краткиот одговор што го даваат од ДУИ на прашањето до каде е формирањето на новата влада. Според некои информации министерствата се веќе поделени, а сега се договораат кадрите што ќе ги раководат.
Во меѓувреме додека траат разговорите главните брифинзи од партиските претставници се околу кадровските решенија и распределбата на министерствата, а не за новата програма или агендата по која би се раководел владиниот кабинет.
Според партиски извори платформата била договорена и пред поделбата на ресорите, но не беше обелоденета во јавноста. Извори од најголемата владејачка партија претходно брифираа дека ДУИ инсистирале на етнички теми, а ВМРО ДПМНЕ на економски.
И Владимир Мисев од Институтот за демократија Социетес Цивилес смета дека програмата е оставена на маргините на преговорите, но очекува таа да биде продолжение на агендата на претходниот состав. Според него, посебен акцент во наредниов период би требало да се даде на евроинтеграциите и на економијата.
„Кадровските решенија секако се во преден план и мислам дека тоа е рефлексија на актуелната ситуација што ја имаме во моментот со бојкотот на опозицијата. Секогаш е поинтересно да го отргнете јавното внимание со персонализирани дискусии и разговори околу она што би бил следен состав на Владата на Република Македонија отколку луѓето да размислуваат за тоа кои би биле програмите или политиките на следното раководство на владата “ вели Мисев.
Аналитичарот Алберт Муслиу пак вели дека има разлика во обраќањата на лидерите на партиите и на партиските кадри кој брифираат. Првите во јавните обраќања вели тој вообичаено зборуваат за програмите, а бриферите пак за распределбите на министерските места и за тоа чиј кадар ќе ги раководи.
„Мислам дека не се кадровските решенија во фокусот колку што се министерствата затоа што преку нив идните коалициски партнери ќе се трудат да ги потенцираат повеќе програмските решенија што се во нивните индивидуални програми за да се вклучат во заедничката владина програма“ смета Муслиу.
Инаку тимовите на Груевски и на Ахмети имаат само уште неколку дена за преговори оти 8 јуни е крајниот рок до кој мандатарот до Собранието треба да го достави предлогот. Партиски извори велат дека Груевски најверојатно викендов ќе го стори тоа. Потоа претседателот на парламентот во рок од 15 дена треба да закаже седница за избор на новиот владин состав.
Кадровските решенија секако се во преден план и мислам дека тоа е рефлексија на актуелната ситуација што ја имаме во моментот со бојкотот на опозицијата.Владимир Мисев, Институт за демократија
Според партиски извори платформата била договорена и пред поделбата на ресорите, но не беше обелоденета во јавноста. Извори од најголемата владејачка партија претходно брифираа дека ДУИ инсистирале на етнички теми, а ВМРО ДПМНЕ на економски.
И Владимир Мисев од Институтот за демократија Социетес Цивилес смета дека програмата е оставена на маргините на преговорите, но очекува таа да биде продолжение на агендата на претходниот состав. Според него, посебен акцент во наредниов период би требало да се даде на евроинтеграциите и на економијата.
„Кадровските решенија секако се во преден план и мислам дека тоа е рефлексија на актуелната ситуација што ја имаме во моментот со бојкотот на опозицијата. Секогаш е поинтересно да го отргнете јавното внимание со персонализирани дискусии и разговори околу она што би бил следен состав на Владата на Република Македонија отколку луѓето да размислуваат за тоа кои би биле програмите или политиките на следното раководство на владата “ вели Мисев.
Мислам дека не се кадровските решенија во фокусот колку што се министерствата затоа што преку нив идните коалициски партнери ќе се трудат да ги потенцираат повеќе програмските решенија што се во нивните индивидуални програми за да се вклучат во заедничката владина програма.Алберт Муслиу, политички аналитичар.