Груевски го покани, а претседателот на СДСМ Зоран Заев ја прифати поканата за заедничка средба во обид за надминување на политичката криза по оставките на пратениците на опозицијата.
Извесен е дијалогот меѓу власта и опозицијата. Груевски го покани, а претседателот на СДСМ Зоран Заев ја прифати поканата за заедничка средба на која, како што велат од СДСМ, ќе бидат поставени познатите барања - формирање на техничка влада која ќе подготви нови избори, пречистување на Избирачкиот список, спроведување на попис на населението, гаранции за слобода на медиумите. Во соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ се вели дека тие го поздравуваат фактот што СДСМ ја препознале потребата од дијалог, а во СДСМ нагласуваат дека овој дијалог е можен исклучиво со посредништво од ЕУ.
„Потенцираме дека политичкиот дијалог што се водеше помеѓу власта и опозицијата изминатата година и договорите што беа постигнати, не беа практично реализирани, напротив беа несовесно злоупотребени од страна на Груевски. Затоа, сè што евентуално ќе се договора во иднина, ќе се смета за договорено, само ако во спроведувањето на договореното, биде целосно вклучена опозицијата и при тоа гарант биде претставник на Европската унија“, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
Иако Никола Груевски на различни начини најавуваше дека веднаш по констатирањето на оставките, власта ќе распише вонредни избори за пополнување на испразнетите места на опозицијата, тоа не се случи, дополни Шилегов.
Претходно, претседателот на парламентот Трајко Вељаноски ја одложи на непределено време собраниската седница на која денеска требаше да бидат констатирани оставките на пратеници од опозицијата. Отворајќи ја четвртата седница на парламентот по изборите, Вељаноски повика на потребата од политички дијалог меѓу партиите заради, како што рече, државните интереси. Македонија е држава со цврста определба за натамошен демократски развој. Уверен сум дека оваа национална цел е определба на сите пратеници, без оглед дали се присутни на седницата или се надвор од парламентот, рече Вељаноски.
„Во таа смисла, длабоко свесен за интересите на државата, како претседател на законодавниот дом, одлучив да оставам простор за натамошен развој на политичкиот дијалог и разбирањето меѓу партиите. Македонија мора да продолжи со силно темпо да ги реализира целите за натамошен развој на односите со ЕУ и НАТО, без оглед на нашите политичките разлики, а тоа мора да сториме заедно, здружени и сплотени“, рече Вељаноски.
СДСМ нагласи дека нема да се врати во Собранието без да постигнат договор за нивните барања, а во врска со можното повлекување на оставките на двете пратенички Солза Грчева и Љубица Буралиева не исклучуваат можност од нивно исклучување од партијата, поради непочитување на статутот.
Потенцираме дека политичкиот дијалог што се водеше помеѓу власта и опозицијата изминатата година и договорите што беа постигнати, не беа практично реализирани, напротив беа несовесно злоупотребени.Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.
„Потенцираме дека политичкиот дијалог што се водеше помеѓу власта и опозицијата изминатата година и договорите што беа постигнати, не беа практично реализирани, напротив беа несовесно злоупотребени од страна на Груевски. Затоа, сè што евентуално ќе се договора во иднина, ќе се смета за договорено, само ако во спроведувањето на договореното, биде целосно вклучена опозицијата и при тоа гарант биде претставник на Европската унија“, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
Иако Никола Груевски на различни начини најавуваше дека веднаш по констатирањето на оставките, власта ќе распише вонредни избори за пополнување на испразнетите места на опозицијата, тоа не се случи, дополни Шилегов.
Одлучив да оставам простор за натамошен развој на политичкиот дијалог и разбирањето меѓу партиите.Трајко Вељаноски, претседател на Собранието.