Економијата бара мирен амбиент, бара стабилни и предвидливи услови за работа и стабилни институции коишто функционираат, така што најдобро е сите политички битки да се водат во рамките на институциите, бидејќи кога не е така странските инвеститори не се чувствуваат толку сигурни, вели гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Проекциите за економски раст од 3,7 проценти за годинава предизвикаа различни реакции во јавноста. На што се темелат вашите проценки и во која мера се тие реални?
Нашите проекции се продолжение на она што го видовме во македонската економија минатата година. Минатата година по првичните проекции на Државниот завод за статистика, остварен е економски раст од 3,1 проценти. За оваа година очекуваме да продолжат да дејствуваат факторите кои дејствуваа и минатата година, а тоа беа странските директни инвестиции и јавните инфраструктурни проекти. Оваа година продолжуваат тие два фактори, а трет фактор ќе биде и економскиот раст во нашиот најголем трговски фактор-еврозоната. Минатата година во еврозоната имаше пад на БДП од 0,5 проценти, годинава таму се очекува раст од 1, 2 проценти. Базирајќи се на овие три фактори, ние очекуваме дека годинава растот ќе забрза на 3,7 проценти. Дека тоа е реално, покажа и неодамнешната проекција на ММФ. Тие објавија дека нивното видување за македонската економија за оваа година е 3,5 проценти. Значи, многу сме близу.
Според дел од аналитичарите, очекувањата дека ќе се зголеми извозот е нереална аргументација, со оглед на тоа што истовремено ќе се зголеми и увозот, што подразбира непроменета состојба во буџетскиот дефицит?
Извозот се зголемува. Дури и минатата година ние имавме пораст од некои 2 проценти. Годинава очекуваме тој да биде многу посилен, односно од некаде близу 10 проценти. Извозот кај нас континуирано се зголемува благодарение на новите капацитети, коишто се изградени последните неколку години, тие веќе учествуваат со 30 проценти во вкупниот извоз. Точно е, тие се увозно-зависни капацитети и првично кога ќе се направат, се увезува опрема, машини, па суровини, меѓутоа нето ефектот од сите тие варира некаде од 10 до 20 проценти од вкупната вредност на нивниот извоз. Се согласувам дека тој процент може да е многу поголем, ако се вклучат повеќе домашни добавувачи и веќе има домашни компании коишто стануваат дел од тој ланец на добавувачи во тие компании. На тој начин, домашниот извоз ќе биде многу поголем. Ефектот ќе биде многу поголем. Нема да биде 10 или 20 проценти, туку ќе биде 30, 40 проценти, колку повеќе успееме да вклучиме домашни добавувачи, толку подобро ќе биде.
Колкав економски раст е потребен за него да го почувствуваат граѓаните?
Нема некое посебно правило за тоа колкав треба да биде растот за повеќе да се почувствува, туку клучно е дали тој раст креира нови работни места и дали се зголемува продуктивноста, зашто само со зголемување на продуктивноста може да растат платите и со отворање на нови работни места се зголемува бројот на луѓе кои добиваат приход и може да го трошат, значи би влијаело врз потрошувачката односно врз благосостојбата на населението. Во 2005 мислам дека ја имавме највисоката стапка на невработеност, над 37 проценти, од тогаш континуирано таа се намалува. Последниот податок беше за четвртиот квартал од минатата година близу 29 проценти, се уште е таа висока невработеност, меѓутоа трендот е опаѓачки. Имаме некои ефекти тука, секако за да го чувствуваме многу повеќе тоа, стапката на невработеност треба да биде многу пониска, но трендот е поволен.
Малку околу намалувањето на девизните резерви како тренд. Од февруари до април имаме намалување за 88 милиони евра. Каков сигнал е тоа за економијата, ако се има предвид дека тие се важен индикатор за економската стабилност?
Девизните резерви се индикатор кој ние внимателно го следиме и тој е еден од најзначајните индикатори бидејќи ние водиме политика на стабилен курс на денарот и преку тоа одржуваме макроекономска стабилност во македонската економија. Девизните резерви имаат во текот на годината некој сезонски тренд. Првиот квартал обично имаме нето интервенции на девизниот пазар, затоа што понудата на девизи е помала од побарувачката. Но веќе тој тренд се менува и од април имаме обратен тренд и Народната банка се појави и како купувач на вишокот девизи на девизниот пазар. Последните неколку години, Народната банка нето купува девизи на девизниот пазар, значи немаме нерамнотежа на девизниот пазар, освен во одредени периоди. Некогаш има поголема побарувачка, другпат има поголема понуда. Очекуваме девизните резерви да се стабилизираат на ова ниво, дури и малку да пораснат до крајот на годината, а во 2015 позначајно да се зголемат, односно акумулираат.
Може ли една од причините за ваквиот тренд да биде и големото трошење на државата или пак стагнирањето на извозот и приливот на девизни резерви од странство?
Ние го предвидовме намалувањето на девизните резерви од првиот квартал, па дури и за вториот квартал очекувавме намалување, иако во вториот квартал имаме подобри тенденции. Причините според нашите анализи се тоа што ние имавме подобри остварувања кај тековната сметка, односно трговскиот биланс, трансферите, доходот, услугите, но имавме послаби капитални приливи во првиот квартал. Некои приливи кои ги очекувавме не дојдоа, беа поместени и доаѓаат сега. Значи капиталните приливи беа главната причина зошто имаше помала понуда на девизи во економијата. Инаку не може да утврдиме директна врска помеѓу трошењето на буџетот и поголемата побарувачка за девизи.
Македонија има стабилен финансиски систем, но на кое ниво е профитабилноста на банките?
Банките се солидно профитабилни, не е се уште состојбата онаква каква што би требало во нормални услови на економски раст, но и состојбите беа такви, ние излегуваме од период кога растот беше послаб. Не сите банки се профитабилни. Имаме некои банки коишто се профитабилни и такви коишто прават загуби. За среќа и тие банки кои прават загуби имаат високо ниво на капитал, па може да ги апсорбираат тие загуби, но секако ние работиме и ги предупредуваме дека мора да преземат мерки за да ги сопрат тие трендови и ги бараме причините за тоа. Ако причините се во тоа што тие имаат мал обем на портфолио, тогаш ги пренасочуваме кон окрупнување, преземање на други банки или спојување со други банки.
Пред неколку дена министерството за финансии објави нова продажба на државни хартии од вредност, преку која државата ќе се задолжи со нови 30 милиони евра. Каков ефект може да предизвикаат задолжувањата на домашниот пазар?
Државата постојано за своите ликвидносни потреби се задолжува и отплаќа кредити. Еве ова задолжување што го споменавте, мислам дека разликата за ново задолжување беше околу 5 милиони евра. Тие вратија одреден износ којшто доспеваше и се задолжија со нов. Тоа е вообичаено работење на државите и обично кога доаѓаат периоди на повисок економски раст, кога буџетите се пополни со приходи, тогаш државите го користат тој момент за намалување на нивото на долг. Во периоди пак кога економскиот раст е понизок, кога приходите во буџетот се помали, тие или го вртат оној долг којшто достасува или пак дури и го зголемуваат.
Но, што е со меѓународните задолжувања. Каков е ризикот ако продолжат меѓународните задолжувања на македонската Влада и како тоа во иднина може да се одрази на монетарната стабилност?
Меѓународните задолжувања исто така се неопходност. Државата мора секогаш своите потреби да ги балансира помеѓу домашните и странските извори, бидејќи не е добро целосно да се потпира на домашното финансирање, тогаш ќе го прибере целиот вишок на парична маса. Затоа секогаш е добро да има добра мешавина од двата извора. Каква е состојбата со јавниот долг? Ние внимателно следиме и секогаш во нашите проекции имаме на ум неколку години нанапред какви отплати стигнуваат, колку обврски ќе имаме ние да обезбедиме девизи, така што сите тие фактори ги земаме предвид при носењето одлуки за нашата монетарна политика и нејзината поставеност. Нашето видување е дека имаме капацитет и нема да имаме позначајни проблеми при отплатата на долгот во наредните години. Значи имаме проекции за неколку години нанапред и имаме сценарија како ќе стигнуваат тие отплати и како ќе се одразува нивото на еден долг врз девизните резерви итн.
Во која мера моменталната политичка ситуација може да се одрази на економската стабилност?
Економијата бара мирен амбиент, бара стабилни и предвидливи услови за работа и стабилни институции коишто функционираат. Така што најдобро е сите политички битки да се водат во рамките на институциите, бидејќи кога не е така странските инвеститори не се чувствуваат толку сигурни.
Во моментот политичката ситуација и не е баш сјајна...
Засега не чувствуваме некои промени да кажам, нормално течат економските текови, нормално течат инвестициите, нормално тече економскиот раст. Важно е дека нашите институции функционираат. И на странските инвеститори тоа им е најважното, дали институциите функционираат. Политичките проблеми ги има во сите земји. Некаде поголеми, некаде помали. Тие и сметаат дека во земји како Македонија каде демократијата е помлада можни се и поголеми политички тензии, но да се во рамките на она што е прифатливо за нив.
Со оглед на тоа што економските текови во земјата зависат од надворешните фактори, дали се уште постои опасност за македонската економија, ако ескалира кризата во Украина?
Нашата оценка е дека директните ефекти од кризата во Украина не се толку големи, зошто нашата економија не е многу поврзана со украинската. Но секако внимателни сме на индиректните ефекти коишто може да дојдат врз економскиот раст, доколку кризата во Украина ескалира, доведе до позначајни економски нарушувања и се одрази на стапката на економски раст во Европската унија. Таа е наш најголем трговски партнер, побарувачката за нашите производи би се намалила, а исто така би имала ефект и врз нашиот економски раст. Исто така украинската криза може да има влијание врз основните производи како што се пченицата, пченката, нафтата, гасот што секако би можело да влијае врз нашата домашна инфлација. Но, сето тоа го имаме земено предвид и е вклучено во нашите проекции.