Стабилните и функционални институции, мирниот амбиент и предвидливите услови за работа се многу важни за економијата.
Економијата бара мирен амбиент, предвидливи услови за работа и стабилни институции коишто функционираат, вели гувернерот на Народната банка, Димитар Богов во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Истакнувајќи ја зависноста на економската стабилност во земјава од политичкиот амбиент, тој нагласува дека политичките битки треба да се водат во институциите, оти во спротивно странските инвеститори не се чувствуваат сигурни за да инвестираат на македонскиот пазар.
„Засега не чувствуваме некои промени да кажам, нормално течат економските текови, нормално течат инвестициите, нормално тече економскиот раст. Важно е дека нашите институции функционираат. И на странските инвеститори тоа им е најважното, дали институциите функционираат“, изјави Богов.
И економските аналитичари ја нагласуваат потребата од функционални институции. Нестабилноста на институциите и кризите што тие ги предизвикуваат, во голема мера влијаат на одлуката на странските инвеститори да дојдат во Македонија, вели економскиот аналитичар Висар Адеми.
„Ниедна голема компанија не презема таков голем ризик за да дојде да инвестира во Македонија. Тоа е првиот момент. Вториот момент е тоа што од 2006 наваму на секои две години имаме предвремени или времени избори, а тоа покажува нестабилност на институции“, вели Адеми.
Од друга страна, пак, на долг рок, негативни ефекти може да предизвикаат актуелните економски политики врз домашните инвеститори, вели Адеми.
„Се промовираат политиките на субвенции и помош, од друга страна, пак, секој ден имаме затворање на компании, на секаков начин ги казнуваат или имаат глоби секакви, значи не ги оставаат малите компании и фамилијарните бизниси коишто се 95 проценти кај нас, да дишат. Тоа домашниот инвеститор го чувствува многу и не му остава слобода да имплементира производни идеи и услови коишто сака да ги инвестира“, изјави Адеми.
Од друга страна, пак, гувернерот не го исклучува и можното влијание на украинската криза врз македонската економија. Иако директни ефекти нема да почувствуваме, Богов вели дека треба да се внимава околу индиректните, што би значело намалување на побарувачката за наши производи и би имала ефекти врз предвидениот економски раст. Од друга страна, пак, кризата би можела да влијае и врз цените на основните производи како што се пченицата, пченката, нафтата, гасот што секако би влијаело врз домашната инфлација.
Засега не чувствуваме некои промени да кажам, нормално течат економските текови, нормално течат инвестициите, нормално тече економскиот раст. Важно е дека нашите институции функционираат. И на странските инвеститори тоа им е најважно.Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Македонија.
„Засега не чувствуваме некои промени да кажам, нормално течат економските текови, нормално течат инвестициите, нормално тече економскиот раст. Важно е дека нашите институции функционираат. И на странските инвеститори тоа им е најважното, дали институциите функционираат“, изјави Богов.
И економските аналитичари ја нагласуваат потребата од функционални институции. Нестабилноста на институциите и кризите што тие ги предизвикуваат, во голема мера влијаат на одлуката на странските инвеститори да дојдат во Македонија, вели економскиот аналитичар Висар Адеми.
„Ниедна голема компанија не презема таков голем ризик за да дојде да инвестира во Македонија. Тоа е првиот момент. Вториот момент е тоа што од 2006 наваму на секои две години имаме предвремени или времени избори, а тоа покажува нестабилност на институции“, вели Адеми.
Имаат глоби секакви, значи не ги оставаат малите компании и фамилијарните бизниси коишто се 95 проценти кај нас, да дишат.Висар Адеми, економски аналитичар.