Доколку продолжи тенденцијата за намалување на приватните дознаки и доколку престанат кредитирањата од странство, тогаш нема никакви услови да се биде оптимист дека овде ќе се создадат услови за раст, посочува поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.
Проекциите за економски раст од 3,7 насто за годинава што ги изнесе гувернерот на Народната банка Димитар Богов се нереални според дел од експертите, а не е ни до крај образложено на што се темелат. Очекувањата дека ќе се зголеми извозот врз основа на постепеното надминување на кризата во Европа, според поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, не е доволна аргументација, со оглед на тоа што, како што вели, тоа истовремено ќе го зголеми и увозот што подразбира непроменета состојба во буџетскиот дефицит, а во наши услови отворени се и други опасности.
„А доколку продолжи тенденцијата за намалување на приватните дознаки и доколку престанат кредитирањата од странство, тогаш нема никакви услови да се биде оптимист дека овде ќе се создадат услови за раст“, посочува Хајредини.
Градежништвото, станбената изградба, машинската, извозната политика и насочена индустрија можат да предизвикаат раст, се разбира доколку во земјата имаме и политичка стабилност, вели тој.
Професор Зоран Ивановски очекува дека единствено поголеми странски инвестиции можат да влијаат на зголемен економски раст. Неговите проекции сепак се движат од 3-3,5 насто економски раст за годинава.
За Хајредини не може да се постигне повеќе од 3 насто. Тој пак ги исклучува странските директни инвестиции како фактор за економски развој во Македонија со оглед како што посочува дека Македонија е на најниско ниво според странски инвестиции во регионот дури и зад Косово. Она што загрижува како што вели е и тоа што статистичките податоци се спинуваат поради партизираноста на институциите, па оттаму и не може да се добие реална слика за движењата во економијата.
Она што од почетокот на годинава можевме да видиме од објавените податоци на надлежните институции е дека сепак од декeмври 2013 до април листата на лица кои активно бараат работа се зголемила за нешто повеќе од 7.000 граѓани. Над 60 насто од буџетскиот дефицит е потрошен за првите три месеци од годината, а и задолжувањата продолжуваат. Пред само неколку дена министерството за финансии објави нова продажба на државни хартии од вредност, преку која државата ќе се задолжи со нови 30 милиони евра.
Доколку продолжи тенденцијата за намалување на приватните дознаки и доколку престанат кредитирањата од странство, тогаш нема никакви услови да се биде оптимист дека овде ќе се создадат услови за раст.Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.