Државата денеска врати 113 милиони евра на стопанството, а вчера се задолжи за повеќе од 101 милиони евра кај домашни кредитори.
Владата се раздолжи на едни, откако ден претходно се задолжи кај други. Според календарот на Министерството за финансии, денеска државата врати 113 милиони евра на стопанството, а ден претходно се задолжи за повеќе од 101 милиони евра кај домашни кредитори преку три аукции на државни записи. Записите ќе достасуваат за шест месеци, другите за една година и третите за пет години. Владата првично планираше да се задолжи 99 милиони евра.
Долгот на Централната влада, заклучно со март, изнесува 2 милијарди 849 милиони евра или 35,7 отсто од БДП-то.
Владата не пропушта прилика, а да не истакне дека земјата не е високо задолжена, но сугестии за намалување на темпото на задолжување доаѓаат и од домашните аналитичарите и од странски институции.
Постојниот претставник на ММФ за Македонија, Патрик Житон, во интервју за Утрински весник пред три месеци, рече дека наредната година Македонија треба да врати околу 670 милиони евра.
„Најверојатно, Владата ќе мора да излезе на пазарите на капитал за да ги подмири овие отплати. Во моментов, не сметаме дека властите би имале каков било проблем со сервисирање на овој долг“, рече Житон.
Универзитетскиот професор Никола Поповски, кој е и поранешен министер за финансии, вели дека владата ќе го продолжи трендот на задолжување за раздолжување, а во меѓувреме ќе ги плаќа каматите на тие износи.
„Нè чека уште многу години на постојано задолжување за да ги враќаме старите долгови. Ако владата продолжи, како што и оваа година продолжува со задолжување за нови 300 милиони евра, од кои добар дел понекогаш се на домашниот пазар, тоа значи дека имаме „добра“ перспектива за постојано земање на нови кредити за да ги враќаме старите и тоа ќе биде не толку добра вест за економијата во целина“, вели Поповски.
Европската комисија во својот пролетен извештај за економијата во 2013, нотираше продлабочување на дефицитот и предупреди дека дефицитот би можел да се продлабочува ако продолжат трошоците и по изборите. Во Извештајот се забележува дека постои континуирано зголемување на јавниот долг на централната влада. Од минатогодишните 36 отсто од БДП, за годинава се очекува јавниот долг да порасне на 38,7 отсто, а во 2015 да изнесува 40,8 проценти од бруто домашниот производ. Потребите од финансирање може да доведат до натамошно зголемување на јавниот долг, кој во 2013 се зголеми за 2 проценти, а во 2015 година може да порасне за уште 4,8 отсто, пишува во извештајот.
Последното задолжување за раздолжување е само едно од низата. Владата и пред една недела се задолжи со 46,4 милиони евра кај домашните кредитори, иако планираше да се задолжи за 30,5 милиони евра. Потоа се раздолжи кај приватниот сектор со 32,5 милиони евра.

Нè чека уште многу години на постојано задолжување за да ги враќаме старите долгови.Никола Поповски, поранешен министер за финансии.