Борбата за егзистенција понекогаш значи и соочување со опасностите по животот. Таква е приказната на овчарот Осман Исмани од тетовско Ѓермо, кој преживеал удар од гром додека бил на летно напасување со овците. За да обезбеди живеачка, мора да продолжи со одгледување на добиток.
Осман Исмани од тетовско Ѓермо како и сите овчари деновиве ги стриже овците од своето стадо со што се подготвува за тримесечниот летен престој и напасување на повисоките предели на Шар Планина. Кон крајот на мај, тој треба да го однесе овците, па размислува како сето тоа ќе се одвива. Освен тоа кај Осман преовладува грижа како и тој самиот ќе го помине периодот на планина. Стравува бидејќи пред три години го погодил гром токму додека бил на летно напасување со овците. Продолжува да работи бидејќи овчарството му е единствениот начин да обезбеди егзистенција за семејството.
„Во 2011 година додека бев на планина со 500 овци не фати гром. Деведесет и четири овци ги отепа. Среќа останав жив. Ме најде еден овчар ме однесе до болница. Сега имам последици, со една страна не слушам. Но, стоката мора да се храни, имаш заработка од таа стока, мора да ја гледаш“, вели Осман Исмани.
Поради ударот на громот, но и нападите на волци, кои му јадат овци, сега ги има за сто помалку. Во оваа работа освен што се бориш со природата, имаш мака и со луѓето и со општествеото, вели Осман, потенцирајќи ги проблемите со исплатата на субвенции.
„Оваа година добивме околу 330 јагниња, околу 230 ги продадовме за Велигден. 80-90 има уште за продавање. Цената, не беше некоја цена за јагнињата, 140 денари, ама добро што ги зедоа. Ако не ги земаат што ќе правиме ние овчарите. А субвенциите на некому пуштени, на некој уште му ги немаат пуштено. На нас не ни имаат пуштено субвенции. Чекаме на субвенциите, тоа е заработката од државата. Ако не даваат тие, од јагнето не можеш да се покриеш никако.“
Осман раскажува дека тешко да е да се живее од овчарството, па затоа никој не сака да ја работи оваа работа. Како што поминуваат годините, на него му е се потешко да ги одгледува овците. Вели дека нема кој да го замени, па еден ден ќе мора сите овци да ги продаде. Како ќе преживува неговото семејство понатаму е неизвесноста со која уште сега се соочува.
Во 2011 година додека бев на планина со 500 овци не фати гром. Деведесет и четири овци ги отепа. Среќа останав жив. Ме најде еден овчар ме однесе до болница. Сега имам последици, со една страна не слушам.Осман Исмани, овчар.