Педесетидеветгодишниот Драги Спасовски пред три години од, како што вели несигурна и неплатена работа во Скопје, се вратил во родното место Руѓинце, својата егзистенција да ја обезбедува од одгледување крави. Неговата идеја ја поддржало семејството, сопругата, синот Слаѓан(38) и зетот Сашо Костовски(42), двајцата професори по македонски јазик.
За својата одлука и за животот во Руѓинце, на 30-ина километри од Куманово, во кое живеат помалку од 40 жители, меѓу кои само три деца, без пат и вода, освен сопствена бушотина, Драги раскажува:
„Поубаво е тука отколку да работиш џабе.“
РСЕ: Колку крави имате и може ли да се егзистира?
„Имам дванаесет крави, а ако има добра храна и добар пазар може да се егзистира. За телињата, за сопствени потреби бидејќи нема кој да го откупува млекото и кога се откупува се плаќа малку, или, пак, се нуди компензација со брашно. Добитокот лете е на пасишта, а зиме се храни во затворено“, вели Драги Спасовски
РСЕ: Ви беше ли тешко да се вратите?
„Не,не! Најубаво е,нема кој да те командува овдека“, вели Спасовски.
Драги вели дека не е единствен сточар во селото, бидејќи еден негов сосед има 40 крави и стотина овци. Времето му поминува лесно со обврските. Животот тука му е мирен. Сепак, забележува:
„Со вода е многу лошо. Ние имаме вода, наша бушотина. И пат нема. Кој како дојде градоначалник нè прашува што ни треба. Му кажуваме пат, вода. Тој ветува ако гласаме за него дека тоа ќе го реализира, а потоа нема време да нè прими во канцеларија. Многу бил зафатен, а ако нè прими, ќе рече дека не е во негова програма. Лекар нема ниту во селото, ниту во Старо Нагоричане, каде што е општината“, вели Спасовски.
Сашо, зетот на Драги, живее во Куманово, работи во школото во селото Драгоманце, а за него Руѓинце било предизвик.
„Ние двајца колеги и роднини исто така, решивме поради првата идеја да се оттргнеме од градската врева, да обезбедиме здрава храна за нас и третата идеја ако може во иднина нешто и да заработиме. По три-четири години можеби ќе размислуваме за некаков профит и унапредување и зголемување на бројот на добитокот, за некаква инфраструктура“, вели Сашо Костовски.
Слаѓан е магистрант на Филолошкиот факултет, во детството поголем дел од слободното време го поминувал во Руѓинце кај неговите дедо и баба. Со неговите ученици, особено на секциите по македонски јазик, Слаѓан разговара за убавините во природата:
„Има деца коишто не отишле на село. Не знаат како изгледа јулското вечерно небо кое е прекрасно и дека може и на отворено да се легне да се преспие на чист воздух. Инсистирам кој може од децата барем две недели да отиде на село, колоквијално би рекол, да ги наполни батериите и да се почувствува освежено, да се ослободи од сите мали или големи проблеми кои ги има во урбаната средина“, вели Слаѓан Спасовски.
Тој се сеќава на времето од раната младост кога во селото немало електрична струја, но имало многу повеќе живот, многу повеќе луѓе. Сега условите за нијанса се подобрени, меѓутоа би било многу поубаво кога селото пак би заживеало. Слаѓан додава дека ова семејство планира и куќата да ја реновира или да изгради нова, но автентична, од камен, за да се запази рустикалното споено со модерното.
Руѓинце припаѓа на Општината Старо Нагоричане, сиромашна локална самоуправа на која ѝ забележуваат дека недоволно се грижи за преостанатите жители. Им се чини дека уште помалку пак за оние кои можат да се вратат на својот роден праг или пак на родните огништа на нивните предци. Жална е глетката на празни широки дворови, прилично пространи камени куќи и помошни објекти, но уште понепријатно е кога меѓу нив се и веќе распаднати некогашни живеалишта на семејства, веројатно со повеќе деца, кои откако заминале, никогаш повеќе не се вратиле. А како што велат професорите Сашо и Слаѓан, никогаш не е доцна да се продолжи традицијата која почнала да исчезнува пред повеќе децении.
Имам дванаесет крави, а ако има добра храна и добар пазар може да се егзистира. За телињата, за сопствени потреби бидејќи нема кој да го откупува млекото и кога се откупува се плаќа малку, или, пак, се нуди компензација со брашно. Добитокот лете е на пасишта, а зиме се храни во затворено.Драги Спасовски, сточар.
За својата одлука и за животот во Руѓинце, на 30-ина километри од Куманово, во кое живеат помалку од 40 жители, меѓу кои само три деца, без пат и вода, освен сопствена бушотина, Драги раскажува:
„Поубаво е тука отколку да работиш џабе.“
РСЕ: Колку крави имате и може ли да се егзистира?
„Имам дванаесет крави, а ако има добра храна и добар пазар може да се егзистира. За телињата, за сопствени потреби бидејќи нема кој да го откупува млекото и кога се откупува се плаќа малку, или, пак, се нуди компензација со брашно. Добитокот лете е на пасишта, а зиме се храни во затворено“, вели Драги Спасовски
Со вода е многу лошо. Ние имаме вода, наша бушотина. И пат нема. Кој како дојде градоначалник нè прашува што ни треба. Му кажуваме пат, вода. Тој ветува ако гласаме за него дека тоа ќе го реализира, а потоа нема време да нè прими во канцеларија. Многу бил зафатен, а ако нè прими, ќе рече дека не е во негова програма. Лекар нема ниту во селото, ниту во Старо Нагоричане, каде што е општината.Драги Спасовски, сточар.