Само во последниве денови милионски суми од буџетот владата не штедеше за да им исплати на земјиделците субвенции запазувајќи ги изборните правила да се забрани доделување буџетски средства и за ваква намена во текот на изборната кампања. Последните информации беа дека 77,6 милиони денари се исплатени за градинарски култури и 129,6 милиони за одгледување овци. Претходно им беа исплатени субвенциите и на лозарите и на тутунарите. Се на се, ова е најголемата ставка потрошена од буџетот од почетокот на фискалната година.
„Значи тоа се гледа со незаконски завршен откуп до 15 март се исплаќаат субвенции. Пред две година кога немаше избори ги исплатија на 30 јуни. Значи согласно потребите пред избори пуштаат се живо. До вчера немаше никој ни субвенции за 2012 земено“, вели Кире Неделковски претседател на здружението на тутунарите „Пелагонија 2009“.
По исплатата на субвенциите за останатите земјоделски производители и производителите на пченица се надеваат дека тоа ќе биде направено во законскиот рок бидејќи како што вели производителот на пченица, Тоде Лазаревски без субвенции ова производство не би можело да продолжи.
„Секогаш според законот до крајот на јуни месец наредната година се исплаќаа субвенциите“, вели Лазаревски.
Професорот Борис Анакиев го смета за најголем проблем недостигот од точни информации за структурата на доделените субвенции и вели дека на процесот му недостасува транспарентност.
„Транспарентност нема за деталите да може да видиме да предложиме некоја преориентација за тоа кај се греши и итн. Структурата меѓу тие култури меѓу тие производства каква е и дали исполнето тоа што е ветено. Тие кога викаат денеска се исплатија толку субвенции да речеме за сточарите ние не знаеме за кои видови добиток се работи и колку и дали е тоа согласно со планот“, вели Анакиев.
Од оние податоци кои се на располагање за да можат да се анализираат, вели Анакиев се гледа дека на пример во глобала дека во 2012 се исплатени 35 милиони евра помалку од ветеното. Очигледно е дека забрзаната исплата во овој период е маркетиншки и предизборно мотивирана, вели Анакиев. Сепак станува збор за очигледна манипулација со еден слој од населението, додава Неделковски.
Значи согласно потребите пред избори пуштаат се живо. До вчера немаше никој ни субвенции за 2012 земено.Кире Неделковски, претседател на здружението на тутунарите „Пелагонија 2009“.
„Значи тоа се гледа со незаконски завршен откуп до 15 март се исплаќаат субвенции. Пред две година кога немаше избори ги исплатија на 30 јуни. Значи согласно потребите пред избори пуштаат се живо. До вчера немаше никој ни субвенции за 2012 земено“, вели Кире Неделковски претседател на здружението на тутунарите „Пелагонија 2009“.
По исплатата на субвенциите за останатите земјоделски производители и производителите на пченица се надеваат дека тоа ќе биде направено во законскиот рок бидејќи како што вели производителот на пченица, Тоде Лазаревски без субвенции ова производство не би можело да продолжи.
Тие кога викаат денеска се исплатија толку субвенции да речеме за сточарите ние не знаеме за кои видови добиток се работи и колку и дали е тоа согласно со планот.Борис Анакиев, универзитетски професор.