Живеат на планина, а може да останат без вода за пиење и дрва за греење. Со вакви проблеми се соочуваат жителите на тетовското планинско село Јеловјане, сместено на 1.200 метри надморска височина на Шар Планина. Од постојните 12 извори со вода во близина на селото, девет веќе ги користат останатите населени места од низина. Сега од селото Палчиште сакаат да земат уште извори, па стравуваме дека ќе нема вода за пиење, како за нас, така и за добитокот, вели Џевдет Халими од месната заедница.
„Овде се земени веќе огромен број извори, останаа уште две три изворчиња, месното население и стоката која се напасува на Шар Планина ќе остане, ќе нема вода кај да се напијат буквално. Буквално селово страда. Ако му ја земете на ова месно население шумата, водата, пасиштата, луѓево да ги земеме да ги отселиме кај сакате“, вели Халими.
Мештаните се занимаваат со сточарство, а поради недостигот на вода веќе ги намалуваат грлата добиток.
„Ова село имаше 500 крави, сега има 50, бидејќи нема што да пијат вода. Значи ова село преживеа голема миграција од земање на водите. Ако и овие изворчиња, што треба едно 50 крави да се напијат и таму 200-300 овци, веќе ова село не може да чува стока, а што овде без стока. Ќе треба да купуваме млеко од Тетово“, вели Наџип Фејзули.
Во општина Боговиње каде спаѓа Јеловјане уверуваат дека иако се презема вода од уште еден извор, водоснабдувањето нема да биде нарушено.
„Ние ќе го запазиме тој минимум вода што е, биолошки минимум што треба да останува, да не опустоши тоа“, вели градоначалникот Хазби Идризи.
Мештаните се жалат дека не им се дозволува од институциите да сечат ниту во државните, ниту во приватни шуми.
„Шума не ни дозволуваат, а организирано се краде“, вели Неџип Фејзулаи.
„Се дозволува од соседни села, од полски села да сечат дрва, да украдат, нив не ги казнуваат, а мене ме тераат да платам казна за товар дрва“, вели Мисим Мисими.
Трпе Мисајловски од тетовската подружница на Македонски шуми вели дека мештаните треба да чекаат до 2014 за да се снабдуваат од државните парцели, додека за приватните шуми мора да се уреди сопственоста.
„Имотот мора да гласи на тој што поднесува барање. Јавното претпријатие и Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство направиле некои анализи и пресметки со кои најавуваат во 2014 година да се врати старото законско решение од пред 10 јуни со кое може физички лица од вакви предели да се снабдат со 10 метри огревно дрво за сопствени потреби“, изјави Трпе Мисајловски.
Јеловјане се соочува и со природни непогоди. Во 2008 година поради свлечиште на земја 13 куќи беа целосно уништени, а десетина беа оштетени.
Овде се земени веќе огромен број извори, останаа уште две три изворчиња, месното население и стоката која се напасува на Шар Планина ќе остане, ќе нема вода кај да се напијат буквално.Џевдет Халими, месна заедница на село Јеловјане.
„Овде се земени веќе огромен број извори, останаа уште две три изворчиња, месното население и стоката која се напасува на Шар Планина ќе остане, ќе нема вода кај да се напијат буквално. Буквално селово страда. Ако му ја земете на ова месно население шумата, водата, пасиштата, луѓево да ги земеме да ги отселиме кај сакате“, вели Халими.
Мештаните се занимаваат со сточарство, а поради недостигот на вода веќе ги намалуваат грлата добиток.
Ние ќе го запазиме тој минимум вода што е, биолошки минимум што треба да останува, да не опустоши тоа.Хазби Идризи, градоначалник на Општина Боговиње.
„Ова село имаше 500 крави, сега има 50, бидејќи нема што да пијат вода. Значи ова село преживеа голема миграција од земање на водите. Ако и овие изворчиња, што треба едно 50 крави да се напијат и таму 200-300 овци, веќе ова село не може да чува стока, а што овде без стока. Ќе треба да купуваме млеко од Тетово“, вели Наџип Фејзули.
Во општина Боговиње каде спаѓа Јеловјане уверуваат дека иако се презема вода од уште еден извор, водоснабдувањето нема да биде нарушено.
Се дозволува од соседни села, од полски села да сечат дрва, да украдат, нив не ги казнуваат, а мене ме тераат да платам казна за товар дрва.Мисим Мисими, жител на Јеловјане.