Прилепчанецот Драшко Петрески повеќе од 20 години е редовен посетител на манастирот Трескавец што се наоѓа на 7.5 километри од Прилеп. Ниту пожарот што избувна на 4 февруари годинава, кога до темел изгореа конаците не беше пречка за него, секоја недела наутро по 2.5 часа пешачење по стрмниот, нерамен пат,полн со огромни дупки како кратери, да се искачи до манастирот што се наоѓа на околу 1.100 метри надморска височина. Го затекнавме пред манастирските порти, како помага да се завршат дел од манастирските обврски.
„Манастирот претходно, и пред пожарот и сега за нас претставува исто. Чувството да се помогне на манастирот мислам дека доаѓа само од себе, од внатре, од душата треба да го почувствуваш. Сите што доаѓаме, доаѓаме со љубов, со чиста душа, нешто не тера од внатре да помогнеме на овој манастир, мислам дека сепак има нешто свето во овој манастир“, вели Петрески, голем почитувач на традицијата и вљубеник во овој православен храм.
Неговиот пријател Васко Катушев додава дека неделните посети на манастирот никогаш не можат да ги заменат со каков било друг настан. И во зима на екстремно ниско и во лето на пеколни температури, со пријателите овие луѓе од рано утро помагаат се веќе во манастирот.
„Љубовта кон манастирот можам да кажам дека е еден од најубавите во Македонија, еве сега со изградбата на патот, уште поголемо ќе има присуство на граѓани“, додава Катушев.
Освен помош од прилепските верници, еснафот, на сметката од манастирот по пожарот постојано се префрлаат средства од многу донатори.
Отец Калист, единствениот монах во манастирот е презадоволен од одзивот на граѓаните, кои без прекин донираат за да ја помогнат обновата на Трескавец.
„Можам да ја споменам само акцијата во Лондон, помеѓу нашите иселеници кои прибираа средства и хуманитарниот настан што се случи во Австралија каде што беа собрани 40.000 евра, ние сме многу благодарни, тие се веќе на нашата сметка легнати. Од Швајцарија исто така имавме една делегација која што дојде лично да ни ги врачи парите“, истакнува отец Калист.
Сите активности се обнова се одвиваат според планот. Заврши тампонирањето, па сега се асфалтира патот до манастирот, инвестиција на Министерството за транспорт и врски, од околу 4 милиони денари според најавите, иако крајот на активностите ќе ги покаже точните податоци, колку чини овој проект.
„Не секогаш има секоја можност да работи на таков објект, така да луѓето, вистински се посветени на работата, околу 50 работници имаме тука заедно со машинисти, некаде 15 машини што багери, булдожери, околу 15 камиони што ни носат материјал од Плетвар, сериозно ја зафативме работата и мислиме дека на крај ќе ја завршиме во предвидениот рок“, изјави Пецо Вељаноски, од градежното претпријатие Гранит, раководител на градежните активности за овој пат.
Патот официјално ќе биде пуштен во употреба на 28 август, на чествувањето на патронот, Мајката Божја, чие име го носи црквата која датира од 12 век. Привршуваат и активностите околу проектот за реконструкција на конаците со целата инсталација и противпожарна заштита, проектот за изградба на водовод...Освен конаците, за прв пат ќе започнат и активности за обнова на црквата Успение на Пресвета Богородица, во која фрески со трислоен живопис, кои датираат и од византиско време. Сите владетели на овие простори и христијани, дури и турските великодостојници низ вековите донирале во овој манастир. Овде имало развиена и препишувачка школа, откриено е дека овде во античко време бил подигнат храм на Аполон и Артемида. Се на се, манастирот Трескавец крие огромни културни богатства, неодговорени прашања за научниците, а и денес е вистинска крепост на православието во Пелагонија.
Сите што доаѓаме, доаѓаме со љубов, со чиста душа, нешто не тера од внатре да помогнеме на овој манастир, мислам дека сепак има нешто свето во овој манастир.Драшко Петрески, голем почитувач на традицијата и вљубеник во Трескавец.
„Манастирот претходно, и пред пожарот и сега за нас претставува исто. Чувството да се помогне на манастирот мислам дека доаѓа само од себе, од внатре, од душата треба да го почувствуваш. Сите што доаѓаме, доаѓаме со љубов, со чиста душа, нешто не тера од внатре да помогнеме на овој манастир, мислам дека сепак има нешто свето во овој манастир“, вели Петрески, голем почитувач на традицијата и вљубеник во овој православен храм.
Неговиот пријател Васко Катушев додава дека неделните посети на манастирот никогаш не можат да ги заменат со каков било друг настан. И во зима на екстремно ниско и во лето на пеколни температури, со пријателите овие луѓе од рано утро помагаат се веќе во манастирот.
Можам да ја споменам само акцијата во Лондон, помеѓу нашите иселеници кои прибираа средства и хуманитарниот настан што се случи во Австралија каде што беа собрани 40.000 евра, ние сме многу благодарни, тие се веќе на нашата сметка легнати. Од Швајцарија исто така имавме една делегација која што дојде лично да ни ги врачи парите.Отец Калист, единствениот монах во манастирот.
„Љубовта кон манастирот можам да кажам дека е еден од најубавите во Македонија, еве сега со изградбата на патот, уште поголемо ќе има присуство на граѓани“, додава Катушев.
Освен помош од прилепските верници, еснафот, на сметката од манастирот по пожарот постојано се префрлаат средства од многу донатори.
Отец Калист, единствениот монах во манастирот е презадоволен од одзивот на граѓаните, кои без прекин донираат за да ја помогнат обновата на Трескавец.
„Можам да ја споменам само акцијата во Лондон, помеѓу нашите иселеници кои прибираа средства и хуманитарниот настан што се случи во Австралија каде што беа собрани 40.000 евра, ние сме многу благодарни, тие се веќе на нашата сметка легнати. Од Швајцарија исто така имавме една делегација која што дојде лично да ни ги врачи парите“, истакнува отец Калист.
Не секогаш има секоја можност да работи на таков објект, така да луѓето, вистински се посветени на работата. Сериозно ја зафативме работата и мислиме дека на крај ќе ја завршиме во предвидениот рок.Пецо Вељаноски, од градежното претпријатие Гранит, раководител на градежните активности за овој пат