Еврoинтеграцискиот пат на земјава ќе биде диригиран од случувањата дома, но и од светската сцена, особено во Украина.
Независно од ситуацијата во Македонија по изборите и нивното непризнавање од опозицијата, дел од експертите сметаат дека eврoинтеграцискиот пат на земјава ќе биде диригиран од случувањата на светската сцена, особено во Украина.
Според професор Нано Ружин, има две тенденции. Од една страна, тоа се сериозните забелешки за политичкиот систем, демократијата, медиумите кои му дозволуваат на НАТО да може да ги зголеми условите кои треба да ги исполни Македонија и да го реши прашањето за името. Но, од друга страна, геополитиката е непредвидлива, дополнува професор Ружин, наведувајќи дека кризата во Украина работи во полза на Македонија и дека прашање на политичка проценка е дали за НАТО како институција е поисплатливо Македонија во една напната меѓународна констелација сепак да стане членка на НАТО.
„Имам чувство дека во однос на ЕУ сè уште главна пречка е името, а во однос на НАТО може да се направи еден исклучок и под влијание на големите сили коишто се спротивставија на САД во Букурешт во 2008, овој пат да ја поддржат оваа иницијатива или евентуално да се солидаризираат со американските конгресмени коишто бараат проширување на НАТО“, вели Ружин.
Пред изборите во посета на Македонија беше медијаторот Метју Нимиц. Тој повторно ќе биде во посета на регионот во наредниот период со оглед дека во Грција ќе има избори за Европарламентот. Ружин смета дека тоа ја покажува заинтересираноста на САД за Балканот и кои се нивните сојузници во контекст на случувањата со Украина.
Но, од друга страна, сепак професор Ружин во врска со случувањата дома нагласува дека секој вид на оспорување, политички кризи, критика надвор или незадоволство на опозицијата од демократскиот систем се дел од активниот план за членство во НАТО. Во тој дел Македонија сè уште има забелешки од Алијансата и во тој контекст тоа негативно би влијаело врз имиџот на Македонија во НАТО и Брисел, дополнува Ружин.
„Доколку кризата се смири, доколку НАТО оцени дека таа сепак треба да има држави членки коишто се модел на европска демократија, тогаш Македонија би требало да ги поправи своите слабости и нашиот прием би се оддалечил за уште некоја година“, вели тој.
Аналитичарот Исмет Рамадани смета дека случувањата дома по изборите ќе ги забават евроатланските и европските аспирации на земјата.
„Тежината на непризнавањето на изборите ќе се почувствува и во извештајот на Македонија за нејзиниот напредок кон ЕУ. Најверојатно нема да имаме позитивен извештај за добивање на датум за почеток на преговори“, вели Рамадани.
Тој очекува Македонија во наредниот период да влезе во турбулентен период кога владата и институциите повеќе ќе бидат преокупирани со внатрешни проблеми отколку со надворешна политика и дека со овие проблеми повеќе во наредниот период ќе се занимава и меѓународната заедница.
Имам чувство дека во однос на ЕУ сè уште главна пречка е името, а во однос на НАТО може да се направи еден исклучок и под влијание на големите сили коишто се спротивставија на САД во Букурешт во 2008, овој пат да ја поддржат оваа иницијатива.Нано Ружин, поранешен македонски амбасадор во НАТО.
Според професор Нано Ружин, има две тенденции. Од една страна, тоа се сериозните забелешки за политичкиот систем, демократијата, медиумите кои му дозволуваат на НАТО да може да ги зголеми условите кои треба да ги исполни Македонија и да го реши прашањето за името. Но, од друга страна, геополитиката е непредвидлива, дополнува професор Ружин, наведувајќи дека кризата во Украина работи во полза на Македонија и дека прашање на политичка проценка е дали за НАТО како институција е поисплатливо Македонија во една напната меѓународна констелација сепак да стане членка на НАТО.
Тежината на непризнавањето на изборите ќе се почувствува и во извештајот на Македонија за нејзиниот напредок кон ЕУ. Најверојатно нема да имаме позитивен извештај за добивање на датум за почеток на преговори.Исмет Рамадани, политички аналитичар.