Првомајски протести повторно без ССМ

Неколку синдикати и движења најавија протести во Скопје по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај. Сепак, најмасовниот Сојуз на синдикати на Македонија и годинава одлучи да не повика на првомајски протест. Нашата стратегија неколку години наназад не е поврзана со празнувањето со одреден фолклор и прославување со музика, туку сме се определиме празнувањето да го вршиме преку конкретни кампањи и со добивање на конкретни резултати, вели претседателот на ССМ Живко Митревски.
Протести по повод први мај најавија неколку синдикати и движења за заштита на работничките парава, кои како што соопштија, не можат да не го одбележат меѓународниот ден на трудот во земја каде да се биде вработен е привилегија, а не право, која се плаќа со човечкото достоинство.
Она што ние го имаме како впечаток е дека постојано се зголемува бројот на луѓе кои протестираат на први мај, бројката е се уште релативно мала, но е во постојан пораст.
Здравко Савески, Солидарност.


Протестот ќе започне во 12 часот пред Парламентот и ќе продолжи пред Владата. Истовремено ќе се протестира и во Куманово.

Протест 1 Мај, 2013.


Здравко Савески од левичарското движење Солидарност вели дека за разлика од минатите години сега на протестите ќе има и барања кои ќе бидат адресирани до Владата. Според него, се работи за три барања и тоа Законот за минимална плата да не ги дискриминира работниците кои се најзгрозени и да се изедначи на сумата од 8.800 денари, потоа да се остварува правото на штрајк и да се овозможи вистинско функционирање на синдикатите.
Работниците на своите работни места се соочуваат со тешки услови за работа, со неиплатени плати. Ќе повикувам вработените утре да се приклучат да го одбележиме овој ден.
Маријан Ристевски, Конфедерација на Синдикални организации .


„Она што ние го имаме како впечаток е дека постојано се зголемува бројот на луѓе кои протестираат на први мај, бројката е се уште релативно мала, но е во постојан пораст. Таа свест дека прва мај е ден на скарата, тешко, но пополека остапува место пред расположбата дека на тој ден треба да се искаже незадоволството. Веќе има луѓе кои ни кажуваат дека немаат пари да одат на скара, сиромаштијата во Македонија е сериозен проблем.“

Претседателот на Конфедерација на Синдикални организации, Маријан Ристевски, вели дека состојбата на вработените во Македонија е крајно неповолна.

Протест за 1 Мај, 2013.



„Работниците на своите работни места се соочуваат со тешки услови за работа, со неиплатени плати. Ќе повикувам вработените утре да се приклучат да го одбележиме овој ден. Во иднина ова движење ќе покаже како се бранат работничките права. Сакам да испратам апел до новата влада, овој пат да не сфатат најсериозно, ние само бараме фер услови да не вклучат во социјалниот дијалог.“

Претседателската на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис вели дека на 15 април испратиле покана и до Сојузот на Синдикати на Македонија за учество на протестот.

„Имаме информации дека ќе ни се приклучат синдикалисти или синдикални организации и од големите организации, тие се добредојдени и јас се надевам дека утре ќе ни се приклучат. Барањето е испратено, одговорот го очекуваме.“

Протестот е во организација на Конфедерацијата на Синдикални организации, Сидникатот на новинарите и медиумските работници, Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Македонија, како и Синдикатот на македонската дипломатска служба и движеањата Солидарност и Ленка.