Достапни линкови

Нови закони за лустрација на работниците


Новите измени во законот за работнички права се еден вид лустрација на работниците, вели поранешен синдикалец Драге Јовановски. Со измените на законот се зголемува правото на работодавачот од 3 месеци на 18 месеци по направениот прекршок за нарушен ред и дисциплина да му додели отказно решение на работникот.

Новите измени во законот за работнички права се еден вид лустрација на работниците, односно со новиот рок со кој работодавачот по една година од направен прекршок ќе може да го избрка работникот од работа, претставува само заплашување и лустрирање на работниците, вели правникот и поранешен синдикалец Драге Јовановски. Тој објаснува дека вакви законски решенија не постојат во европските директиви и дека со нив им се дава шанса на работодавачите да ги лустрираат работниците кога сакаат и да ги држат во страв.
Со последната измена државата им дава инструмент на работодавачите да можат да ги лустрираат работниците.
Драге Јовановски, правен експерт.

„Работодавачите масовно ги кршат правата на работниците, а државата ги поддржува работодавачите. Со последната измена државата им дава инструмент на работодавачите да можат да ги лустрираат работниците, да видат каде работеле, што работеле, од која партија се итн. Може да дојде до големи злоупотреби.“

Измените кои поминаа во Собранието на денешната седница предизвика жестока расправа меѓу пратениците. Опозицијата не ги поддржа измените затоа што смета дека тие се на штета на работниците и претставуваат кратење на нивните права додека власта во расправијата како аргумент го користеше ставот дека опозицијата нема кредибилитет да зборува за
Сметаме дека оваа влада во континуитет прави градење на работничките права.
Цветанка Иванова, СДСМ.
работнички права и дека воведувањето на минималната плата и низа други законски решенија се доказ оти не се намалуваат правата.

„Сметаме дека оваа влада во континуитет прави градење на работничките права. Јас многу често сум зборувала за конкретни решенија со кои се ускратени работничките права,
почнувајќи од времетраењето на користење на паричниот надоместок за технолошки вишок, скратувањето на годишниот одмор, итн“, вели опозициската пратеничка Цветанка Иванова.
Да не се навраќаме на темите колку илјадници работници останаа без работа во вашиот период.
Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ.

На ова пратеникот од владејачката партија ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски изјави дека СДСМ нема кредибилитет да зборува за работничките права поради нивното минато.

„Затоа додека во некоја друга прилика не бидете на власт и не видиме дека навистина сте се промениле, можеме да сметаме дека вашата партија е таква каква што била кога имала можност да помага за работниците, да не се навраќаме на темите колку илјадници работници останаа без работа во вашиот период, како носевте закони, ама вашиот претседател не ги потпишуваше, какви манипулации правевте.“

Од друга страна пратениците се скараа и за синдикатот. Пратеникот од СДСМ Марјанчо Николов обвини дека континуираното намалување на работничките права го понижува работникот, а синдикатот за тоа си молчи.

„Па вие ги пониживте работниците во Република Македонија, и направивте безгласни букви, а тој синдикат, за жал, што се кажува како репрезентативен, тие луѓе треба да се преиспитаат кого штитат.„

Заменикот министер за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими смета дека опозицијата му се заканува на синдикатот.

„Ова што го слушнав, оваа ваша порака е фактички заплашување на синдикатите и едноставно им кажувате – Ние кога ќе дојдеме на власт, што прво ќе правиме. Евидентно е дека вие сакате синдикати кои ќе бидат послушни, кои ќе бидат полтрони.“

Со измените на законот се зголемува правото на работодавачот од 3 месеци на 18 месеци по направениот прекршок за нарушен ред и дисциплина да му додели отказно решение на работникот.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG