Од септември 2007 година до истиот месец годинава бројот на невработени лица во Битола се намалил од 19 илјади на 6.800. Наспроти ваквата официјална статистика на Агенцијата за вработување на Република Македонија, дел од битолчани сè уште се жалат дека ја чувствуваат невработеноста.
„Магистер сум по менаџмент. Работам во приватна фирма како секретарка. За мојата титула не можев, ниту сега можам да најдам соодветна работа и никогаш не ги повратив средствата што ги вложив во образованието.“
„Некои битолчани во Жабени влегоа на работа. Но, многу луѓе се и без работа, па надвор заминаа, односно ја побараа среќата во странски држави“, коментираат битолчани.
За опозиционата ЛДП е нејасно каде се вработиле 13 илјади битолчани во последните шест години. Александар Касапов, потпретседател на битолските либерал-демократи, прашува:
„Дали битолската економија толку пораснала што отворија нови 13 илјади работни места. Ако од оваа бројка одземеме скоро 900 вработувања во зоната Жабени, во кои други фабрики и фирми се вработиле другите 12 илјади луѓе за шест години? Реално нема толку нови работни места. Невработеноста се намалува со бришење на невработените по разни основи од списоците на невработени, но друга и пострашна причина е масовното иселување на младите луѓе, преку разни лотарии или уште пострашно со вадење на бугарски пасоши“, вели Касапов.
Во име на владејачката коалиција „За подобра Македонија“ возвратија од Социјалистичката партија.
„Фактот дека власта создава услови за нови инвестиции, олеснување на процедурите за започнување бизнис, поттикнување на претприемништвото, го признаваат сите релевантни меѓународни институции, но опозицијата не го гледа. Логично е на некој што има минато на отпуштање работници и буквално бркање на странските инвеститори од земјава, сега да му е криво што луѓето се вработуваат, но никако не е логично да се негираат фактите“, изјави Александар Вангеловски, портпарол на СПМ од Битола.
Од Државниот завод за статистика соопштија дека во второто тримесечје од годинава стапката на невработеност на ниво на држава изнесува 28,8 проценти.
Невработеноста се намалува со бришење на невработените по разни основи од списоците на невработени, но друга и пострашна причина е масовното иселување на младите луѓе.Александар Касапов, потпретседател на ЛДП Битола.
„Магистер сум по менаџмент. Работам во приватна фирма како секретарка. За мојата титула не можев, ниту сега можам да најдам соодветна работа и никогаш не ги повратив средствата што ги вложив во образованието.“
„Некои битолчани во Жабени влегоа на работа. Но, многу луѓе се и без работа, па надвор заминаа, односно ја побараа среќата во странски држави“, коментираат битолчани.
За опозиционата ЛДП е нејасно каде се вработиле 13 илјади битолчани во последните шест години. Александар Касапов, потпретседател на битолските либерал-демократи, прашува:
Логично е на некој што има минато на отпуштање работници и буквално бркање на странските инвеститори од земјава, сега да му е криво што луѓето се вработуваат.Александар Вангеловски, СПМ.