Достапни линкови

Во приватниот сектор помалку права отколку во јавниот


Илустрација.
Илустрација.

За разлика од големите и стабилни компании кои се наследници на некогашните успешни претпријатија од поранешниот систем и каде што има продолжување на синдикалното организирање и потпишување на колективни договори, во другите фирми работниците се изложени на бројни проблеми.

Работниците во приватниот, наспроти оние во јавниот сектор во регионот на Прилеп, Крушево и Македонски Брод многу потешко ги остваруваат своите работнички права. За разлика од големите и стабилни компании кои се наследници на некогашните успешни претпријатија од поранешниот систем и каде што има продолжување на синдикалното организирање и потпишување на колективни договори, во другите фирми работниците се изложени на бројни проблеми.
Секојдневно сме сведоци на отпуштање од работа без соодветни акти, без соодветни решенија,промена на работни места без за тоа да постојат услови и писмени акти кои ќе го покриваат тоа, се вршат разно разни притисоци на работниците во смисла на мобинг и дискриминација која е присутна, но за жал работниците тешко се обраќаат и бараат заштита на работничките права.
Лазе Ангелески, претседател на регионалната канцеларија на ССМ во Прилеп.

„Секојдневно сме сведоци на отпуштање од работа без соодветни акти, без соодветни решенија,промена на работни места без за тоа да постојат услови и писмени акти кои ќе го покриваат тоа, се вршат разно разни притисоци на работниците во смисла на мобинг и дискриминација која е присутна, но за жал работниците тешко се обраќаат и бараат заштита на работничките права“, вели Лазе Ангелески, претседател на регионалната канцеларија на ССМ во Прилеп.
Лазе Ангелески, претседател на регионалната канцеларија на Сојузот на синдикати на Македонија во Прилеп.
Лазе Ангелески, претседател на регионалната канцеларија на Сојузот на синдикати на Македонија во Прилеп.

Голем проблем за работниците создава трендот на работодавците, кои потпишуваат договори на одредено време.
Загрижува податокот што во последно време е како мода склучување на договори на определено време, што порано беше по исклучок, а сега е редовна појава.
Лазе Ангелески, претседател на регионалната канцеларија на ССМ во Прилеп.

„Загрижува податокот што во последно време е како мода склучување на договори на определено време, што порано беше по исклучок, а сега е редовна појава, така што секој работник по истекот на договорот на определено време многу лесно и едноставно, ако не му одговара на каков било начин на работодавачот, се напушта работата, односно го губи работниот однос“, истакнува Ангелески.

Проблем е и стравот на работниците од синдикално организирање, велат од ССМ, едноставно тие немаат храброст да се борат за своите законски права, туку по линија на помал отпор, побргу се сложуваат да ги трпат притисоците, да им се скратуваат правата, зашто се смета дека ако се бунат и гласно говорат за своите искуства, ќе останат без работа.

„Неопходно е да се организираат синдикално, тоа многу пати го имаме разговарано, но единствена организација која може да се занимава со нивните проблеми, да застане зад нивните проблеми е само синдикатот, независно дали овој или некој друг, но на теренот тешко опстануваат синдикалните движења оти се работи во тешки, неблагодарни услови, кога побарувачката на работна сила е многу мала, а понудата е многу голема“, додава Ангелески.

Од Синдикатот најавуваат дека наскоро и на локално ниво ќе се формира економски социјален совет по теркот на овој на национално ниво и во него освен синдикатот ќе членуваат претставници од стопанските комори, здруженија на работодавци, но и локалната власт, која по оценките на синдикатот треба да помогне во надминување на проблемите.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG